НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Продажба и маркетинг – вовед

Дефинирање на продажба и маркетинг:
 
Продажбата вклучува „Oперации и активности вклучени во промовирање и продажба на стоки или услуги“.

Продажбата и продажната функција во еден бизнис претставува основа за нормално и успешно функционирање на бизнисот. Секој бизнис мора да продава без разлика дали е тоа производ и/или услуга. Без продажба, нема приход, нема ни пари за финансирање на бизнисот. Тоа е основата на функционирањето на секој бизнис.

 

Маркетингот е „Процес или техника на промовирање, продажба и дистрибуција на производ или услуга“.

Тој, исто така, е поврзан и со креативните уметности. Маркетинг се манифестира и како процес, кој се користи за да се определи кои продукти или услуги може да бидат во интерес на купувачите и која стратегија треба да се користи во продажбата, комуникациите и бизнис развојот. Тој ја генерира стратегијата што лежи во техниките на продажба, бизнис комуникација и бизнис развој. Тоа е интегриран процес низ кој компаниите градат цврсти врски со потрошувачите и создаваат вредност за нивните потрошувачи и за себеси.
 
Маркетинг се користи за да се идентификува потрошувачот, да се задоволи потрошувачот и да се задржи потрошувачот. Со купувачот во фокусот на овие активности, маркетинг управувањето е едно од најзначајните компоненти во бизнис раководењето. 
 


Проектот е имплементиран од: