НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за јавни политики, во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“

Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за јавни политики, во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“

Скопје, 19.08.2021

Здружението на бизнис жени, кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво”, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери за спроведување на проектните активности, објавува Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за јавни политики.

 

Инструкции за апликанти

 

ВОВЕД

Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3  1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери за спроведување на проектните активности, објавува Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за јавни политики.

 

Цел на проектот:

 

Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

 

Специфични цели:

  • Градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
  • Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво;
  • одобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
    • Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП;
    • Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.

     

    1. ЦЕЛ И СТРУКТУРА НА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИМНИШТВО

    Креирањето на Национална платформа за женско претпримништво, во понатамошен текст НПЖП, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.

    При дизајнирање на структурата на управување на НПЖП се користи четирислоен пристап: 1) Совет на НПЖП, 2) Оперативните групи 3) Хабови за координација на активности на регионално ниво; и 4) поширока заедница на НПЖП. Советот  е  највисока структура на управување составен од лимитиран број на членови кои имаат највисоко влијание во адресираните области

    1. ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ

    Ангажманот предвиден во овој повик е потребен заради изработка на документ за јавни политики кој ќе произлезе како инпут од  состанокот на секторската група Жени во рурални средини и претприемништво  во рамки на проектот НПЖП. Состанокот е предвиден да се одржи во текот на септември 2021 година.

    Работни задачи:

    • Подготовка на документ за јавни политика за жените во руралните средини и претприемништвото Септември + Октомври 2021 ( 20 работни дена)
    • Присуство на експертот/ката за на состанокот на секторската група Жени во рурални средини и претприемништво
    • Документот треба да прикаже детална анализа на моменталната состојба во Република Северна Македонија во однос на економското јакнење на жените од руралните средини
    • Документот треба да содржи анализа на регионално, европско и светско ниво за состојбите и препораките во однос на економското јакнење на жените од руралните средини
    • Во документот за јавна политика треба да бидат формулирани препораки кои се применливи и изводливи и кои ги следат најдобрите практики од областа на женското рурално претприемништво
    • Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

     

      

    1. ЦЕЛИ И УЛОГА НА СЕКТОРСКА ГРУПА ,,ЖЕНИ ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

     

    Секторската група “Жени во рурални средини и претприемништво” е оперативна група која ќе се формира во рамки на  на НПЖП.  Активностите на секторската група се очекува да бидат корисни во однос креирањето на политики за економско јакнење на жените од руралните средини, како и за намалување на препреките и јазот кој што сè уште постои помеѓу жените и водењето на бизнис. Оваа секторска група ќе работи на разгледување, советување и креирање на мислења и активности, потребни за креирање на политики за јакнење на женското претприемништво во руралните средини.

     

    5. КРИТЕРИУМИ

    Експертот/ката треба да ги исполнува следните критериуми:

    • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во изработка на документи за јавни политики или спроведување истражувања и анализи
    • Познавање од областа на рурал и претприемништво
    • Високо развиени аналитички вештини
    • Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
    • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

     

    Временска рамка

    Изработката на документот за јавни политики треба да биде завршен во рок од 30 дена од одржувањето на состанокот на секторската група.

     

     

     

    1. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ

    Следниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:

    Технички критериуми Бодови

    Релевантно искуство 20

    Релевантно образование 20

    Финансиски критериуми Бодови

    Цена 60

    ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

    7. Заинтересираните субјекти треба да достават следните документи:

    • Професионална биографија
    • Листа на референци
    • Цена на чинење на услугата со (бруто сума со вклучен персонален данок)

    Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите докумeнти најдоцна до 07.09.2021 година на [email protected].:

     

     ИНФОРМАЦИИ

    Повеќе информации може да бидат побарани на е-маил [email protected]

 

Проектот е имплементиран од: