НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Трет состанок на Тематската група “ Политики и програми во женското претприемништво“ -РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДОСЕГАШНИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПОДГОТОВКА НА ФИНАЛЕН ДОКУМЕНТ

Трет состанок на Тематската група “ Политики и програми во женското претприемништво“ -РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДОСЕГАШНИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПОДГОТОВКА НА ФИНАЛЕН ДОКУМЕНТ

Денеска (13.10.2021) според договорот од претходниот втор  состанок, беше одржан третиот состанок на тематската група „Политики и програми во женското претприемништво“, кој всушност е последен состанок од оваа Тематска група за првата година од проектот Национална платформа за женско претприемништво.

 

На состанокот присуствуваа поголем дел од членовите на тематската група и според насоките на  Извештајот од претходниот состанок дискутираа за: неопходната потреба од статистички увид на податоците за ангажираноста на жените претприемачи по региони, сектори и години, податоци кои треба да се обезбедат  од Државниот завод за статистика. Точната статистичка слика е неопходна во изградување на соодветна насока во развојот на Национална стратегија на развој на женското претприемништво. 

Валентина Дисоска -претседател на Здружението на бизнис жени посочи дека соодветните  точни статистички информации би донеле до правилни насоки во  креирање на соодветни политики во оваа сфера. Кога би имале  вистински увид во состојбите, тоа ќе служи како  основа за понатамошно конструктивно креирање на политиките за женското претприемништво, потенцираше Дисоска.

Даниела Цветаноска, од Агролидер потсети дека треба да се направи соодветен графички приказ на состојбите а беше и нагласено дека и понатаму треба да се следат насоките од вториот состанок за активностите и мерките за млади земјоделци, за застапување на мерката 115  и за тековните состојби во руралот.

Беше потенцирано дека треба да се води сметка и за помалите организации како и поактивно вклучување на жените во обуките, развивање на вештини и знаења во сферата на ИТ секторот.

 

Даниела Антоновска од Националната федерација на фармери која го водеше состанокот, потенцираше за  насоките по кои треба да се раководат во изготвување на финалниот документ во кој треба да стојат: статистичките податоци, препреките со кои се соочува женското претпримениптво и да содржи препораки, предлози и сугестии за подобро надминување на предизвиците и реализирање на планираното.

 

На состанокот Валентина Тасева од МАСИТ , зборуваше за Националната ИКТ стратегија во која и покрај надминување на некои слабости, сеуште нема подеднакви можности по родова припадност. Жените се застапени во примарното ИТ образование и работа, но во делот на повисоко ИТ ниво како сајбер криминалот,  вештачката интилигенција, жените скоро и да ги нема.

Едукацијата на жените во овој сектор треба да е важен дел од Националната ИКТ стратегија, се согласија членовите на тематската група.

Исто така се договорија да се изработи документ со графички приказ како усогласување на сите сектори и истиот да биде презентиран од соодветните претставници на престојниот Самит за женско претпримеништво што во организација на Националната платформа, ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје.

Проектот е имплементиран од: