НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Изработен Барометар за женско претприемништво- ноември 2021

Изработен Барометар за женско претприемништво- ноември 2021

Во рамки на Проектот Национална платформа за женско претприемништво, во текот на ноември беше изработен Барометар за женско претприемништво, кој беше презентиран на Првиот Самит 2021 “Нови предизвици и можности„ што се одржа во Скопје на 18 и 19 ноември.


Резултатите од истражувањето за женско претприемништво се сега достапни во вид на извештај Барометар за женско претприемништво 2021.
Барометарот за женско претприемништво кој за првпат се спроведува во 2021 година има за цел да даде увид во перцепциите, ставовите и искуствата  на жените претприемачи воопшто и конкретно по пандемијата на КОВИД-19. Стекнување на јасна претстава за предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи е неопходен прв чекор кон нивно надминување. Барометарот е производ на Националната платформа за женско претприемништво која е насочена кон поттикнување структурна соработка со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница и зајакнување на довербата за женското претприемништво како предуслов за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја.

И покрај тоа што последните години преземени се повеќе заложби за унапредување на женското претприемништво, потребни се дополнителни напори од страна на националните власти и сите засегнати чинители за подобрување на деловното опкружување, поттикнување на жените да започнат сопствени деловни потфати и особено обезбедување пристап до финансирање под поволни услови за да се надмине овој клучен предизвик идентификуван со Барометарот за женско претприемништво 2021.

Во таа насока, неопходно е собирање на родово-разделени индикатори во сите сродни области со цел точно идентификување на предизвиците и воведување на родово-сензитивни политики и мерки за поддршка и развој на претпримеништвото и деловното опкружување. Особено внимание треба да се посвети на обезбедување услови за подобра рамнотежа меѓу професионалниот и семејниот живот преку натамошно прилагодување на системот за здравствена и социјална заштита, поттикнување на женското претприемништво во руралните средини и создавање на сеопфатен екосистем кој охрабрува и поддржува женско претприемништво.

Барометарот можете д аго погледнете на следниот линк :

https://drive.google.com/file/d/1vb1TdmHQL2QbRSq93z31i1kBGyT0bhaN/view?ts=6196bee2

Проектот е имплементиран од: