НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

СО НОВИ СОЗНАНИЈА, КОН НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ ВО ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

СО НОВИ СОЗНАНИЈА, КОН НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ ВО ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Минатата недела (18 и19 ноември ) во организација на Национална платформа за женско претприемништво беше одржан Првиот  годишен Самит за женско претприемништво.

 

Самитот во својата дводневна работа, имаше многу содржини кои направија да се обележи како настан, кој на сеопфатен начин ги потенцираше сите аспекти на женското претприемништво. Се зборуваше за тековните состојби и предизвици а за прв пат беа доделени и награди за најуспешни претприемачки во 2021 , а наградите секако ќе станат поттик за многу жени во бизнис светот.

Во првиот дел од настанот на неговотот отварање присуствуваа и претставници од политичкиот живот. Беа потенцирани придобивките од заложбите на сите вклучени во се поголемиот број на активности, што се преземаат во сферата на жените во бизнис светот кај нас, на поширико општествено поле. Фатмир Бетиќи,  Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, потсети на сите заложби кои се прават во последниве години да се поттикне бизнис секторот на жените и да стане рамноправен економски партнер, а министерот за економија Крешник Бектеши, кој неодамна го поптиша  Меморандумот  за соработка со НПЖП, уште еднаш ги потенцираше заложбите на Министерството и негови лични како министер за поттикнување, надминување на проблемите и се поголемо финансирање во овој дел од економската сфера на земјава.„ “Да веруваме во жените, во нивната моќ и храброст и секогаш да бидеме уз нив и да им помагаме“ –беше мотивот на поздравот на Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје  која е и една од потпсиничките на Националната платформа. Валентина Дисоска ,претседател на Националната платформа за женско претприемништво уште еднаш го нагласи мотивот за формирање на ваква Платформа ,заложбите во насока да се помогне на жените претприемачи и она што треба сите заедно,постојано да го прават за да се постигнат поставените цели во интерес на економско јакнење на жените претприемачи.

 

Министерсвото за економија како  институционален покровител на настанот заедно со организаторот Националната платформа, доделија награди за најуспешни претприемачки, според нивите успеси. Награди се доделија во категорија на мали и средни претпријатија а нив заслужено ги добија: Семос едукација и директорката и сопственик Валентина Тасева и Ана Христовска од компанијата за градежништво Линди Гроуп. Наградите на наградените ги доделија министерот Бетиќи и претставникот од ЕУ Jullian Vassallo.

 

Со онлајн вклучување, со присутните  свои искуста споделија  Wendy Diamond, Претседател на Организацијата за денот на женското претприемништво и  Virginia Littlejohn  – Претседател и Извршен директор на Quantum Leaps.

 

Многу конструктивно и сеопфатно беше споделувањето на искуствата, заложбите и напорите за развој на женското претприемништво на Apostolina Tsaltampasi – Претседател на Здружението на бизнис жени СЕГЕ, Претседател на Балканската коалиција на бизнис  жени и Габриела Костовска Богоеска – Извршен директор на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и  WEGATE координатор, кои со своите инспиративни објаснувања збруваа за меѓународните искуства и успешни приказни во подршка за женското претприемништво.

Поглед кон иднината од аголот на успешни жени претприемачки на присутните дадоа  Г-ѓа Валентина Тасева – Директор на СЕМОС Едукација, Г-ѓа Даница Личенин Блажевска – Сопственик на Рептил маркети и Г-ѓа Васка Мојсовска  – Претседател на Национална федерација и сопственик на Агро-калем –Тимјаник . Тие беа уште еден поттик да се развие плодна дискусија од страна на присутните претприемачки.

Беше презентирана и целосната Програма на овој голем проект Националната платформа за женско претприемништво, од тимот кој стои зад овој Проект Емилија Андонова Мими Петкова-Шушлеска,  координатори за градење на капацитети, Даниела Антоновска- Координатор за младински политики, Александар Целески, консултант и Елена Блажевска, проектен координатор и асистент.

     

Беа доделени две награди од Националната платформа и тоа за: најуспешна млада лидерка и најдобра граѓанска организација со добра праткита кои  најзаслужено отидоа во рацете на  Флорина Џингова од M3DS Academy, млада и успешна лидерка  а  Наградата за најдобра граѓанска организација-добра практика, ја доби организацијата Центар за управување со промени, а  ја прими Јасна Пајковска. Наградите во име на Националната платформа ги врачи претседателката Валентина Дисоска.

 

Голема заинтересирност поттикна следната Панел дискусија на тема „Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво“ , на која воведничари беа Тања Илијевска- Раководител на Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за подршка на приватен сектор во Фонд за иновации и технолошки развој ; Јумин Адеми- државен советник за претоприемништво и конкурентност на малите и средните претпријатија во Министерство за економија, Гоце Георгиевски – раководител на сектор за рурален развој во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Маја Столевска-Костадиновск – Регионален координатор од Меѓународен совет за Западен Балкан во ЕБРД и Игор Андреев-Аксцелетатор, директор на Центарот за истражувања во Вардарскиот плански регион .

Претприемачките имаа можност за отворени прашања и добиваа одговори од одговорените за поедини области. Секако за нив најинспиративни беа Б2Б средбите и работилниците.  Првата работилница на тема “Финансиски менаџмент“  ја водеше  Горан Лазаревски кој е специјалист за  менаџмент, пристап до финансии а за втората работилница:Обезбедување финансии/односи со инвеститори, одговорен беше Игор Маџов кој е  инвеститор, претприемач и повеќе од 10 години вклучен во раст и развој на Стартап екосистемот во Македонија и Југоисточна Европа а Б2Б средбите им дадоа можност за директна размена на искуства и знаења на претприемачките.

 

Дводневниот Самит за женско претприемништво заврши со сублимирање на најважните заклучоци кои даваат насоки за понатамошни активности на сите чинители вклучени во овој сектор.Секако дека ќе е потребно многу работа , исполнување на ветеното и насочување на целата енергија и знаења во остварување на целите, уште еднаш во завршните зборови Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво.

 

ЗАКЛУЧОЦИ И НАСОКИ

Како насока за сето тоа би  издвоиле неколку :

-Развивање на модели од страна на невладиниот сектор, општините во насока на економско јакнење и обединување на жените од руралните средини.

-Организирање на обуки за претприемништво и споделување на успешни приказни на жени од руралните средини

 -Промена на легислатива за законски наследници и поделба на имот

– Поттикнување на мерките за социјална помош со механизми кои ќе го поттикнуваат платениот работен ангажман на жените, наспроти спречување

– Институциите, како што се МЕ, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, МЗШВ и Државниот Завод за статистика да креираат систем на статистични податоци за користењето на финансиски средства на руралните жени од државните програми и ЕУ фондови, реално прикажување на бројките на рурални жени кои се претприемачки, сопственици на земјиште и имот, податоци кои ја отсликуваат реалната состојба на жената во руралните средини и нејзините предизвици од социјален и економски аспект.

ПОГОЛЕМО  УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО КРЕИРАЊЕТО И ДОНЕСУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ И ПРОГРАМИТЕ

– Има подобрена клима за женско претприемништво, но треба да се работи уште многу на поддршката на жените претприемачки

-.Постои потреба од зголемено учество на жените претприемачи во креирање и донесување на мерките и програмите

-.Потребно е дополнување на програмите и мерките преку кои се овозможуваат финансиите за поддршка на женско претприемништво

-Недостигаат информираност, советодавни услуги и институционална поддршка

-Потребна е зголемена информираност на сите жени претприемачи за можностите кои им се нудат за започнување и за водење на бизнис особено во руралните области на Македонија

-Само 4% од жените од рурални средини се сопственички на имот

-Потребен е еднаков пристап до ресурси и можности

-Неможност да остварат право на платен надоместок при болест и спреченост за работа

-Тројното оптоварување во репродуктивната, продуктивната и социјалната ссфера се продлабочува

Како едни од насоките секако се и тие дека Владата, во соработка со банкарските и финансиските институции, како и донаторската зедница би требало да разгледаат можности за подобрување на пристапот до финансии за зените претприемачи. Владата во соработка со граѓанските организации во областа на жп треба да разгледа опции за подобрување на ситемот на социјална заштита. Исто така Граѓанските организации активни во областа на претпримништвото  би можеле да работат на приближување на алтернативните области на финасирање до жените претприемачи. Во секој случај државните и локалните институции, граѓанските организации треба да ги прилагодат мерките за обезбедување на деловна поддршка според потребите на жените пртприемачи.

 

 

После завршување на Самитот и сублимирање на Заклучоците,насоките и целите ,останува да се остваруваат сите активности од Проектот а секако следниот Самит 2022 година ќе биде со подобрена состојба во сектор на женското претприемништво.

 

 

 

 

Проектот е имплементиран од: