НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Националната платформа за женско претприемништво на средба со скопскиот плански регион- економско јакнење на општините основа за развој на женското претприемништво

Националната платформа за женско претприемништво на средба со скопскиот плански регион- економско јакнење на општините основа за развој на женското претприемништво

Националната платформа за женско претприемништво учествуваше на состанок на Центарот за развој на Скопскиот плански регион (ЦРСПР), на кој претседателката на НПЖП Валентина Дисоска и координаторот за изградба на капацитетите Мими Шушлеска Петкова, ги презентираа целите на Платформата, досегашните активности како и придобивките кои може да ги остварат општините со нивно приклучување.

Дисоска истакна дека економско јакнење на општините е возможно единствено со вклучување на целокупното работоспособно население, односно со препознавање на потенцијалот на жените и женското претприемништво, како форма за економски раст и развој и постигнување и социјален напредок во општеството.


Раководителот на ЦРСПР Љупчо Кец Мицковски и претседателот на Советот на развој на Скопски плански регион и градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и другите присутни градоначалници дадоа поддршка за активностите на Платформата и едногласно усвоија препораки за:

  • изготвување на стратешки документи за поддршка на женско претприемништво (програми, стратегии и акциски планови),
  • мапирање на постојната состојбата и студија за утврдување на потенцијални можностите во општините за вклучување на жената на пазарот на труд со посебен акцент на самовработување и развој на претприемништво
  • преземање активности за зајакнување на женско претприемништво ( обуки, промотивни настани, хабови, акцелератори).

 

Проектот е имплементиран од: