We Assistant е апликација која ги споделува сите релевантни активности поврзани со женското претприемништво и е пуштена деновиве во рамки на проектот Национална платформа за женско претприемништво. Веќе се поставени најзначајните статии од Порталот на НПЖП – www.weplatform.mk и од www.weradio.mk а Апликацијата ќе се надополнува тековно.
Ова е наједноставен начин потребните информации да стигнат до жените претприемачки. Со симнување на апликацијата на мобилниот телефон пристапот до сите информации е посотјан и на тој начин е поефикасен и стигнува до сите заинтересирани.
Ова е уште една медиумска алатка на Проектот, Национална платформа за женско претприемништво за истиот да биде достапен и тоа еддноставно преку линкот: https://weplatformnews.web.app/#/