НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

АФПЗРР распиша пет јавни повици за финансиска поддршка обезбедена преку програмата за рурален развој – 6000 евра поддршка за земјоделски стопанства чиј носител е жена

АФПЗРР распиша пет јавни повици за финансиска поддршка обезбедена преку програмата за рурален развој – 6000 евра поддршка за земјоделски стопанства чиј носител е жена

Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  објави пет јавни повици за финансиска поддршка обезбедена преку програмата за рурален развој. Јавните повици ќе траат од 20.04.2022 до 20.05.2022 година.

                                   

 

Преку јавниот повик за рурална жена ќе се поддржат жените кои се носители на своите земјоделски стопанства. Максималната вредност на прифатливите трошоци изнесува 360 илјади денари, а ќе се поддржат исклучиво инвестиции во набавка на опрема за постбербени активности и опрема за преработка. Целта на оваа Мерка е да се стимулираат преработките на основните производи со што ќе се даде додадена вредност на трудот кои жените – земјоделки го вложуваат. Оваа поддршка се имплементира по принцип на грантирање, односно поддршката подразбира доделување на неповратни финансиски средства во висина од 100% од инвестицијата.

 

Целосниот повик е во прдолжение а повеќе информации може да најдете на веб страната на Агенцијата: https://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

 

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РУРАЛНИ ЖЕНИ:

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2022 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

 

ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за мерка 115 Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство.

Максимална кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник е до 360.000,00 денари по поединечен корисник.

 

КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

  • Субјекти Земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

 

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

 

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за истиот тип на инвестиција (градба, опрема и услуги) не можат да бидат корисници на финансиска поддршка на истата мерката.

Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерка 115 од Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.

Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се преземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството е руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0222-1151-XXXX/1).

Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.

Сите заинтересирани земјоделки можат да добијат повеќе информации на тел (02) 3097-460 или на контакт на е-маил адреса [email protected] , и на веб страницата www.iparda.gov.mk

Контакт: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,Сектор за одобрување на проекти, секој работен ден од 8.30 до 16.30.

 

 

Проектот е имплементиран од: