НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ јавни политики

Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ јавни политики

Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ јавни  политики

во рамки на проект

        „Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“,

кофинансиран од Европската Унија

 

Скопје, 26.04.2022

Инструкции за апликанти

 

1. ВОВЕД

Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3  1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери за спроведување на проектните активности, објавува Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за јавни политики.

Цел на проектот:

Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели:

  • Градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
  • Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво;
  • Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
  • Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП;
  • Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.

 

2. ЦЕЛ И СТРУКТУРА НА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИМНИШТВО

Креирањето на Национална платформа за женско претпримништво, во понатамошен текст НПЖП, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.

При дизајнирање на структурата на управување на НПЖП се користи четирислоен пристап: 1) Совет на НПЖП, 2) Оперативните групи 3) Хабови за координација на активности на регионално ниво; и 4) поширока заедница на НПЖП. Советот  е  највисока структура на управување составен од лимитиран број на членови кои имаат највисоко влијание во адресираните области

 

3. ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Ангажманот предвиден во овој повик е потребен заради изработка на документ за јавни политики кој ќе произлезе како инпут од  состанокот на секторската група Дигитализација  во рамки на проектот НПЖП. Состанокот е предвиден да се одржи во текот на мај 2022 година.

Работни задачи:

  • Подготовка на документ за јавни политика за дигитализација во женското претприемништвото Мај + Јуни 2022 ( 10 работни дена)
  • Присуство на експертот/ката за на состанокот на секторската група Дигитализација
  • Документот треба да прикаже детална анализа на моменталната состојба во Република Северна Македонија во однос на дигитализацијата во женското претприемништво
  • Документот треба да содржи анализа на регионално, европско и светско ниво за состојбите и препораките дигитализацијата во женското претприемништво
  • Во документот за јавна политика треба да бидат формулирани препораки кои се применливи и изводливи и кои ги следат најдобрите практики од областа на дигитализацијата женското претприемништвото
  • Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

4. ЦЕЛИ И УЛОГА НА СЕКТОРСКА ГРУПА ,,ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Секторската група “Дигитализација” е оперативна група која ќе се формира во рамки на  на НПЖП.  Активностите на секторската група се очекува да бидат корисни во однос креирањето на политики за дигитализација во женското претприемништво. Оваа секторска група ќе работи на разгледување, советување и креирање на мислења и активности, потребни за креирање на политики за јакнење на женското претприемништво.

 

5. ПОТРЕБНИ КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Критериуми

Експертот/ката треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во изработка на документи за јавни политики или спроведување истражувања и анализи
  • Познавање од областа дигитализација
  • Високо развиени аналитички вештини
  • Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

Временска рамка

Изработката на документот за јавни политики треба да биде завршен во рок од 30 дена од одржувањето на состанокот на секторската група.

 

6. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ

Следниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:

Технички критериуми Бодови

Релевантно искуство 20

Релевантно образование 20

Финансиски критериуми Бодови

Цена 60

7. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните субјекти треба да достават следните документи:

  • Професионална биографија
  • Листа на референци
  • Цена на чинење на услугата со (бруто сума со вклучен персонален данок)

Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите докумeнти најдоцна до 05.05.2022 година на [email protected].

 

8. ИНФОРМАЦИИ

Повеќе информации може да бидат побарани на е-маил [email protected]

Проектот е имплементиран од: