НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Jавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“ – жени претприемачи во два плански региони – Источен и Полошки плански регион во рамки на Проектот

Jавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“ – жени претприемачи во два плански региони – Источен и Полошки плански регион во рамки на Проектот

 

,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)” финансиран од Европската Унија во два (2) плански региони  и тоа  Источен плански регион и Полошки плански регион, објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на „Амбасадорки“ -жени претприемачи.

Дата 11  мај  2022 година

                                                 Инструкции за апликанти

  1. Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ), со седиште на ул. Пролет бр. 10, Скопје, (Нарачател), која е една од партнер организациите кои го спроведуваат проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на бизнис жени,  Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР  и Сојуз на стопански комори, објавува Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“- жени претприемачи

Цел на проектот:

Општа цел: Поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа

Специфични цели:

Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;

Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;

Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;

Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;

Придонес кон видливоста и опфатот на платформата

  • Предмет на јавниот повик 

Прибирање на апликации за ангажирање на млади „Амбасадорки“ – жени претприемачи од Источен и од Полошки планскии регион, преку личен позитивен инспиративен пример, ќе го  промовираат и поттикнуваат иновативниот претприемачки  капацитет кај младите жени, истовремено промовирајќи активизам, комуникација, вмрежување на младите и градење на женски лидерски капацитети за подобрување на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво

  • Опис на ангажман и работни задачи 

Работата на амбасадорките вклучува активности во два (2) плански региони  и тоа  Источен плански регион и Полошки плански регион.

  • Амбасадорките, секоја во својот регион,  ќе реализира  мотивациски говори и интервиуа со млади жени,  во образовна институција (училиште, факултет, академија, институт), со фокус на поттикнување и охрабрување на младите жени да ги активираат своите претприемачки,  лидерски капацитети и вештини, да исчекорат,  да започнат претприемачка кариера. Мотивациските говори треба да бидат презентирани врз основа на претходно изработена програма која ќе биде искомуницирана претприемништво; 
  • Амбасадорките ќе ги промовираат пораките на  кампањата „Ние креираме можности“ , кои ќе бидат презентирани на ТВ и радио емисии;
  • со комисија составена од Националната платформа за женско
  • Секоја амбасадорка ќе придонесе за креирање на on-line содржините на кампањата за женско претприемништво на порталот на „Националната платформа за женско претприемништво“, како и за прилозите на WEB радиото;
  • Ангажманот на секоја амбасадорка поединечно,  ќе биде во временски период од јуни 2022 до декември 2023 година, за вкупно од  15 (петнаесет) работни дена од кои 7.5 дена во 2022 година и 7.5 дена во 2023 година.
  • За избраните „Амбасадорки“ проектниот тим ќе организира обука  за подобро разбирање и подготовка на улогата како амбасадорки;
  • Критериуми за избор

За избор на амбасадорки ќе биде формирана комисија за избор која  ќе направи евалуација врз основа на поднесените документи

„Амбасадорките“ треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Најмалку 3 години искуство во активности поврзани со развој и промоција на женското претприемништво;
  • Докажани во својата бизнис кариера  или  сопствен бизнис, стекнати врз основа на своите компетенции и искуство во претприемништво.
  • Препознаeни во креирање и презентирање на претприемачки, и лидерски вештини;
  • Високо развиени аналитички и комуникациски вештини;
  • Изградени односи и релации со пошироките општествени чинители важни за развој на женското претприемништво;
  • Докажани способности за планирање и организација и имплементација на активности од почеток до финално известување;
  • На повикот можат да аплицираат полнолетни млади жени до 35  годишна возраст; 
  • Процедура за пријавување:

Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следните документи:

  • Професионална биографија;
  • Писмо за намера;
  • Листа на референци;
  • Понудена програма со предлог активности и визија  кои би биле дел од проектните активности во дадената временска рамка на проектниот ангажман;
  •  Финансиска понуда во бруто износ со вклучен персонален данок
  • Постапка за избор

Административна проверка:

Административна проверка на добиените понуди ќе овозможи утврдување на прифатливи понуди, предмет на евалуација, а кои ги исполнуваат сите барања.

Критериум за доделување на договорот

Критериуми за доделување на договорот е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избран понудувач чија понуда ќе освои најголем број на бодови како збир на бодови за секој елемент на критериум економски најповолна понуда. Елементите на критериумот економски најповолна понуда се изразуваат со број на бодови во распон од 1 до 100 бодови кои редоследно се наведуваат според нивната важност, а нивниот вкупен збир изнесува 100 бодови.

Kритериуми за економски најповолно понуда се земаат следниве:

  1. Искуство (максимум 20 поени)
  2. Референци (максимум 10 поени)
  3. Програма (максимум 30 поени)
  4. Цена (максимум 40 поени)

За критериуми Искуство на предложениот координатор ќе се бодува на следен начин:

10 бодови за искуство во активности поврзани со развој и промоција на женско претприемништво

10 бодови за изградени релации со чинители важни за развојот на женско претприемништво.

За критериумот Листа на референци на понудувачот се бодува на следниот начин:

  • 1 референца – 3 бодови
  • 2 референца – 5 бодови
  • Над 3 референци – 10 бодови

За критериумот Програма на понудувачот се бодува на следниот начин:

Предложени 3 или помалку активности -15 бодови

Предложени 4 или повеќе активности -30 бодови

За критериумот цена се утврдуваат вкупно 40 бодови и најмногу бодови добива понудата со најниска цена.

7.Краен рок за поднесување апликации

Краен рок за доставување на целокупната документација е до 18 мај 2022 (среда) година  по електронска пошта на адреса:  [email protected]

 Понудите што ќе бидат доставени по овој рок, нема да бидат земени предвид

  • Известување на кандидатите

По завршување на евалуација на доставените понуди ќе бидете известени за направениот избор. Известувањето ќе биде направено по електронски пат на маил адресите наведени во апликацијата односно биографијата.

Инфо контакт: Јасмина Бошевска,

моб. 071 277 – 868,  e-mail: [email protected]

Проектот е имплементиран од: