НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

За совладување на предизвици и отварање на можности за женско претприемништво, вратите отворени и во Центар Жупа

За совладување на предизвици и отварање на можности за женско претприемништво, вратите отворени и во Центар Жупа

Тимот на Националната платфора за женско претприемништво минатата недела  беше во работна посета на Центар Жупа. Срдечниот прием на жителите како и сериозниот однос на градоначалникот М-р Аријан Ибраим во непосреден разговор, отвори перспективна дискусија за пред се младите потенцијални жени на кои може да им се помогне во отпочнувањето на сопствен бизнис . 

Координаторката на НПЖП за овој Југозападен регион, Сузана Наумовска ги посочи активностите на Платформата и желбата за заеднички изнаоѓање на решенија и поттикнување на развојот на женското претприемништво и во овој реон. Мотивацијата и поттикнувањето на нови идеи и нивна натамошна реализација беа дел од дискусијата.

 

 

 

 

 

 

 

Своето гостопримство жителите и  градоначалникот го покажаа со организиран заеднички излет, каде во непосредна пријатна атмосфера ги продолжија разговорите со вкусните тиганици направени од вредните раце на жените од Центар Жупа.

 

 

Градоначалникот Адријан Ибраим ја потпиша Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво со договор, соработката да станува се поинтензивна и да вроди конкретни резултати.

 

 

Проектот е имплементиран од: