Денеска во рамки на проширување на активностите на локално ниво, во организација на Координаторката на НПЖП, Дивна Јанкова, во Североисточниот плански регион беше потпишана Декларација за развој и подршка на женското претприемништво во Општина Ранковце.На средбата на тимот на Националната платформа: претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката на Северноисточниот Хаб, Дивна Јанкова со градоначалникот на Општината, Борис Спасовски, претставници од општината како и Советот на општина Ранковце, покрај потшишувањето на Декларацијата се дискутираше и за потенцијални можности за жените претприемачки и креирање на Совет за женско претприемништво во Општината.Секако дека самото влегување на женското претприемништво како еден од активностите на Општината, ќе придонесе за подобрување на статусот на жените и нивно економско зајакнување.