НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Барометар за женско претприемништво 2022

Барометар за женско претприемништво 2022

По првичното испитување на мислењата и ставовите на жените претприемачи во 2021 година и подготовката на првиот Барометар за женско претприемништво, Националната платформа за женско претприемништво продолжува да ги следи трендовите во 2022 година. Целта на новата анкета е да се измерат перцепциите и да се согледаат ставовите на жените претприемачи и преку нив да се идентификуваат потенцијални промени во поглед на женското претприемништво воопшто, опкружувањето и состојбите поврзани со различни аспекти на почнувањето и водењето сопствен бизнис.

Ако погледнеме во изминатата година, се чини дека најлошите моменти од сегашната криза.

предизвикана од пандемијата, се зад нас и можеме да се фокусираме на повторно растење на нашите економии и општества. Ова ни отвара можности да разгледаме што им е потребно на жените претприемачи за да започнат и развиваат просперитетен бизнис.

Податоците што ги собираме од анкетата ќе го помогнат нашиот процес во планирање на активности  во наредните месеци, како и ќе влијаат на  процесот на донесување одлуки на креаторите на политики.


Анкетата е анонимна, се состои од 27 прашања и одзема околу 10 минути. Прашањата се однесуваат на следните аспекти: основни податоци за испитаничката; ставови и перцепции во однос на условите и мотивацијата за започнување сопствен бизнис; условите и предизвиците поврзани со водењето сопствен бизнис; пристапот до финансии; лични искуства и очекувања; актуелните предизвици.


Анкетата се спроведува како дел од проектот „Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, имплементиран од Здружение на бизнис жени, во партнерство со Фондација за менаџмент и индустриско истражување,  Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери (www.weplatform.mk). Националната платформа за женско претприемништво е насочена кон поттикнување структурна соработка со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница и зајакнување на довербата за женското претприемништво како предуслов за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја.

Ова е време кога ни се потребни вашите сознанија и искуства за да ги идентификуваме најдобрите практики, но и слабите точки и предлозите за тоа што може да се направи подобро. Не ја пропуштајте оваа шанса за активно учество во историско закрепнување што навистина може да го искористи целиот потенцијал за раст на бизнисите предводени од жени.

Анкетата може да ја пополните на следниот линк: shorturl.at/stMN5  

Проектот е имплементиран од: