НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Млади Амбасадорки од осумте плански региони, се приклучија на тимот од Националната платформа за женско претприемништво

Млади Амбасадорки од осумте плански региони, се приклучија на тимот од Националната платформа за женско претприемништво

Денеска   тимот на Националната платформа за женско претприемништво, одржа онлајн состанок со избраните Амбасадорки од осумте плански региони во Македонија. На овој начин Платформата која  на локално ниво е присутна преку активностите и работата  од страна на локалните координаторки, вклучи тим на млади Амбасадорки, кои во својата локална заедница  ќе ја развиваат целта на постоење на Проектот а тоа е  поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Амбасадорки на Националната платформа се: Ана Плетварец за Пелагониски плански регион, Јасмина Николовска од Југозападен плански регион, Анита Дрвошанова од Југоисточен плански регион , Олга Рајчиќ од Скопскиот плански регион, Емилија Манчевска за Североисточен плански регион, Марија Камчева од Вардарски плански регион, Елиф Мамути  од Полошки плански и Маријана Николова од Источен плански регион.

Амбасадорките во првиот дел од својата работа ќе имаат Обука  за политики и лидерство, која ја организира НПЖП а потоа до крајот на 2023 година следат бројни активности како: организирање на мотивациски говори во средните училишта и на локалните факултети, промотивни гостувања во локалните медиуми како и скенирање на состојбата на терен, креирање на документ и креирање на своја околина за женско претприемништво, промоција и учество на локални настани. 

Бројните активности ќе бидат поттик за младите жени во локалните средини да го свртат своето внимание кон претприемништвото како мотив за своја перспектива, економска независност и стабилност. 

 

 

 

Проектот е имплементиран од: