НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ОЛГА РАЈЧИЌ- АМБАСАДОРКА НА СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ВО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ОЛГА РАЈЧИЌ- АМБАСАДОРКА НА СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ВО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Олга Рајчиќ од неодамна е Амбасадорка на Проектот Национална платформа за женско претприемништво во Скопскиот плански регион. Таа  работи во семеен бизнис во улога на развој на бизнисот и е една од ко-основачите на зелениот стартао Грин ИТ ДОО (кој стои позади мобилната апликација Challenger).

Олга работела како програмски координатор во организацијата АРНО на локалниот инкубатор за социјално претприемништво во состав на регионалната програмата RISE.  Како личност  се стреми кон општествено одговорна економија и е секогаш подготвена да земе дел во проект кој ќе направи импакт. Една од нејзините клучни карактеристиките се силен став и желба за постојано учество во нови проекти кои имаат долготрајно позитивно влијание врз општеството.

Има учествувано на многубројни натпревари за pitching, a воедно има волонтирано како ментор, тренер и судија на локални и регионални startup натпревари. Исто така, таа е активен член на WomeninTech Macedonia и Rotary Club Skopje International.

 

Дополнително e ментор во женската менторска мрежа Stellа – Women’s Mentorship Network. Од неодамна е алумни на   програмата YTILI (Fellowship Placement), спонзорирана од Стејт Департментот.  Дополнително работи како консултант во полето на социјално претприемништво.

 

 

Ангажманот во рамите на Проектот Национална платформа за женско претприемништво е уште еден дел од мозаикот на нејзината работа поврзана со општествено одговорна економија како што самата вели, а вклучувањето на младите жени во светот на бизнисот како и социјалното претприемништво се делови од овој бизнис свет кои и се најголем предизвик.

Проектот е имплементиран од: