НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Струмица – Форум на Националната платформа за женско претприемништво во Југоисточниот плански регион

Струмица – Форум на Националната платформа за женско претприемништво во Југоисточниот плански регион

Денеска во Струмица во организација на  Националната платформа за женско претприемништво, се одржа Форум за женско претприемништво во Југоисточниот плански регион.

         

Форумот кој го организиараше и  модерираше  Координаторката за регионот Ксенија Манева -Вангелова,  го отвори со свое обраќање  Претседателката на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска, а со Платформата како стратегија за поттик и развој на жените во бизнис секторот, присутните ги запозна Елена Блажевска, проектен координатор од Здружението на бизнис жени  а присуствуваше и Мими Шушлеска од Сојузот на Стопански комори на Македонија, како дел от Тимот на НПЖП.

 

За женското претприемништво, предизвиците со кои е соочено посебно во периодот на последните две-три години зборуваше Нела Масалковска и претседателот на Комисијата за родова еднаквост, во Општина Струмица. Главна дискусија на Форумот беше на тема “Патеките и можностите за раст на компаниите раководени од жени во Југоисточниот плански регион“, на која учествуваат претставнички од финансискиот сектор и претприемачки од целиот Југоисточен реон.

 “Партиципирање на жените претриемачки во бизнис секторот, важноста на едукацијата во растот на бизнисот, дали институциите имаат доволно финансиски можности за жените…. се само дел од точките за кои се дискутираше на Форумот на Националната платформа за женско претприемништво, што се одржа денеска  во Струмица, а се однесува на целиот Југоисточен плански регион.

Проектот е имплементиран од: