НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Амбасадорка на Источниот плански регион- Маријана Николова од Виница- Најважно е информациите да стигнат до оние жени на кои им се потребни

Амбасадорка на Источниот плански регион- Маријана Николова од Виница- Најважно е информациите да стигнат до оние жени на кои им се потребни

Маријана Николова неодамна дипломира на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Уште од средношколските денови пројавува посебен интерес кон јавното говорење, па се стекнува со сертификати за ПИЕР едукатор и младински едукатор.

Работи како креатор на содржини на сајтот за млади, www.goce.mk, преку кој посетуваше обуки за интервјуа и визуелно раскажување.

Како некој што постојано е во образовниот процес, како ученик и студент претходно, а сега како наставник, смета дека чувството за осамостојување и професионално реализирање на жените треба да се поттикне уште од училиштните клупи. Еманципацијата на жените во секоја сфера на човештвото може да вроди плод само ако навремено почнат да размислуваат во насока на себеостварување и информирање за сите можности кои им се нудат во светот на претприемништвото.

Како амбасадор на Источен плански регион на НПЖП, верува дека со малку повеќе труд и ажурирање на сите информации од областа на женското претприемништво, со цел да стасаат до сите жени, ќе има успех!

Проектот е имплементиран од: