НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

НПЖП – Активности за женско претприемништво во КУМАНОВО

НПЖП – Активности за женско претприемништво во КУМАНОВО

Деновиве во Куманово , Координаторката на Североисточниот плански регион на Националната платформа за женско претприемништво Дивна Јанкова потпиша со две различни но според успехот многу слични организации.

На средбата во Еуро Колеџот  присуствуваа: директор и управител Љубиша Петрушевски кој ја потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.  На средбата исто така беа присатни и претседателот  на Управен одбор Ранко Цветковиќ како и  менаџерите Петко Мишев и Оливер Митевски и локална координаторка на североисточчен плански регион Дивна Јанкова.

Еуро Колеџ е формиран на 11 ноември 2003 година, а на  29 ноември истиот потпишал договор за академска поддршка со северноевропски студии од Грција, за да ги претставуваат програмите на Chartered Management Institute, UK. Оттогаш колеџот соработува со голем број странски универзитети и колеџи, од кои најзабележителни се University of London, University of Wales, Kensington College of Business и London City College (UK) . Од 26.02.2008 година, Еуро Колеџ е акредитиран од Одборот за акредитација на Министерството за образование на Република  Северна Македонија.Во оваа образовна интитуција поминале и сеуште се застапени студенти не само од Куманово и  земјата туку и од целиот свет.

Според менаџментот цел им е да ги подигнат  образовните достигнувања на регионот, културните можности, економскиот раст, квалитетот на животната средина, научниот и технолошкиот напредок и социјалната и личната благосостојба.

Еуро Колеџ е посветен на оптимално користење на расположливите ресурси на проучување и заштита на богатото наследство, квалитетот на животот и животната средина на балканскиот регион во кој се наоѓа. Колеџот има вградено методологии за истражување како средство за подготовка на своите студенти и дипломирани студенти за иднина исполнета со напредок, достигнувања, подобрување и континуиран развој на себе и заедницата.

Број на вработени е 26 од кои 10 се жени и затоа и со  задоволство ја прифатија соработката  со НПЖП  кон истражување на  заеднички можности кон  унапредување на положбата на женското претприемништво и насочување и зајакнување  посебно на   студентките во оваа насока .

 

Млада успешна сопственичка на фирмата Кланица БДИ Компани г-ца Драгана Бајдевска ја потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. На средбата која се одржа на  08.10 .2022 година беа присутни и Ивана Костиќ  раководител на сектор финансии, Биљана Младеновска одговорна за квалитет на микробиологија, Марија Крстиќ Спасовска аналитичар во хемиски отсек, Милица Витковска технички раководител на хемиски отсек, Биљана Тасковска шеф на кујна, Македонка Спасовска одговорна за организација на производство, Јована Трајковска лаборант и Ивана Додевска член на хасап тим. Овие млади жени функционираат успешно во прекрасна поддржувачка атмосфера. Инаку во фирмата има 44 вработени од кои 22 се жени што укажува дека се балансирани по полова застапеност а исто така управителка на фирмата е жена и на најголем  дел од лица на одговорни функции се жени. Тоа допринесува да функционираат одговорно и домаќински. Иако порано имало предрасуди затоа што месарската работа, според традиционалнаата поделба на занимања, била “машка работа“. Задоволни се од развојот на фирмата, имаат соработка со повеќе институции во градот со општината и покриваат голем дел од потреби на Куманово со месо а исто се и извозно ориентирани, како што е отсекот за кожара.

Располагаат со сопствена кланица, акредитирана лабораторија за микробиологија и паразитологија, консултантска куќа. Со голем ентузијазам ја прифатија соработката  за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво и насочување на нивниот менаџмент на човечки ресурси во оваа насока како и можности на соработка со НПЖП.

Проектот е имплементиран од: