НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво на средба со Градоначалникот и женската бизнис заедница во Струмица

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво на средба со Градоначалникот и женската бизнис заедница во Струмица

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво: Валентина Дисоска – Претседател на Здружение на бизнис жени и претседател на Национална платформа за женско претприемништво, Емилија Андонова – Проектен координатор на Фондација за Менаџмент за индустриско истражување и Координатор за градење на капацитети на Национална платформа за женско претприемништво и Ксенија Вангелова – Локална координаторка на Навионалната платформа за женско претприемништво одржаа средба со Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов и локалните жени претприемачки.

На иницијалниот координативен состанок беа доскутирани различни идеи за Поддршка на женското претприемништво и беше договорена формирање на Локален форум за претприемништво каде ќе се иницираат различни мерки и програми за Поддршка на женско претприемништво..

 На средбата се разговараше за нивните претприемнички приказни, искуствата и нивниот ентузијазам да ги споделат и поттикнат жените коишто сакаат да започнат свој бизнис. Градоначалникот Костадинов им ја даде поддршката бидејќи родовата еднаквост во економскиот развој на Струмица е негово изборно ветување и приоритет во неговиот градоначалнички мандат.Советот има за цел да креира програми и создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи, но и да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси за жените, нивно вмрежување и промоција на пазари.

 

Проектот е имплементиран од: