НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2022- Тема на Панел 3 – “Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени“

САМИТ 2022- Тема на Панел 3 – “Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени“

Третата Панел дискусија, со која ќе заврши првиот ден од Вториот Самит за женско претприемништво “Инспиративна иднина“ е Панел дискусијата на тема “Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени“ .

 

Катерина Аџиска Јованоска – генерален директор на ФИТОФАРМ, приватна фармацевтска и козметичка компанија, основана во 1989 година како прва галенска лабораторија во нашата земја е еден од панелистите.  Од 2017 година Фитофарм од галенска лабораторија се трансформирала и пререгистрирала во фабрика за фармацевтски и козметички производи. Заеднички со својата сестра Надица и целиот тим интензивно работат на континуираниот раст и развој на ФИТОФАРМ, во модерна компанија одлично позиционирана на домашниот пазар и постепено освојувајќи ги странските пазари пласирајќи ги своите конкурентни производи со висок квалитет. Производите на компанијата се присутни на пазарот во Косово, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грузија, Ерменија и Азербејџан, Јемен, Курдистан.

 

Панелист е и Марија Ристеска – Координаторка за политики на ЕБРД програмата за жени во бизнис во Западен Балкан. Марија Ристеска е доктор по политички науки. Таа е основач и извршен директор на Центарот за истражување и креирање политики, тинк-тенк број еден во Македонија, кој има добиено Јапонски медал за истакнати истражувања во развојот во 2016 година и ПАСОС тинк тенк награда во 2010 и 2013 година. Марија 16 години работи како експерт за вклучување на родовите аспекти во главните политики и моментално делува како координатор за политики на ЕБОР за Програмата за жени во бизнисот од Западен Балкан.

 

Јасмина Чанева Лазовска  е Основач и менаџер на МК Вера Монд. Во МК Вера Монд w вработена како дипломиран економист, финансиски менаџер и генерален менаџер во водење на целокупното работење на компанијата. МК Вера Монд е производно и трговско друштво со широк спектар на работење, како генерален и финансиски менаџер. Во 2015 година започнала и со сметководствено евидентирање на настани во рамките на компанијата а во 2016 година извршила превземање на економско биро Лазовски со постоечки клиенти, правни субјекти кои користат услуга надворешно книговодство.Чанева Лазовска, ќе учествува во панелд дискусијата на темата “Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени“  од аспект на претставување на дигиталната трансформација и новиот потенцијал за работа раст и развој во модната индустрија во Македонија. Како основач на секторот за 3Д Моден дизајн во Вера Монд преку кој е извршена дигитална трансформација на компанијата и истата во моментов претставува надворешен сервис за развој на моден производ со користење на 3Д Софтвер.

 

Четвртиот панелист ќе биде , Влора Адеми – Ко-основач и извршен директор на  Швајцарско- македонска ИТ компанија Digicube. Во нејзиното 15 годишно искуство и образование научив многу нешта и бев дел од различни бизниси, локални, интернационални и корпоративни средини. Таа своето  знаење  претприемачко патување сака да им помогнам на жените во своите бизниси и опшеството успешно да се носат со новите трендови и иновации. Таа гласно зборува дека  се спротиставува на нашата култура и менталитет дека „девојките треба да бидат совршени“ а „момчињата да бидат храбри“. Таа  одлучив да бидам храбра и да се обиде да ги мотивира девојките и жените да влезат во ИТ, лидерскиот и иновацискиот свет. 

 

Овој Панел е токму кон насочувањето кон добрите практики на жените претприемачки која е една од важните цели на Националната платформа за женско претприемништво,  да им се помогне на жените кои се на почетокот од својот претприемачки пат и правилно да се насочат а воедно да им се даде поголема мотивација. 

Целокупниот настан ќе може да се следи и онлајн на ФБ страната, National Platform for Women Entrepreneurship, од почетокот во 10 часот до завршувањето во   15 и 30 часот. 

 


 

Проектот е имплементиран од: