НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

WEgate вебинар за учење од врсници: Зајакнување на жените преку развој на вештини!

WEgate вебинар за учење од врсници: Зајакнување на жените преку развој на вештини!

Економското зајакнување на жените е „трансформациски процес“ постигнат преку, меѓу другото, обука за вештини. Во исто време, охрабрувањето за претприемништвото и зајакнувањето на жените да станат не само заработувачи, туку и создавачи на работни места, е еден од највлијателните чекори што можеме да ги преземеме во справувањето со некои од разликите што ги гледаме денес.

Националната платформа за женско претприемништво секогаш ги следи најновите трендови и учествува на интернационални настани со цел знаењето и експертизата кои ги поседува тимот да ги сподели со останатите стејкхолдери кои дејствуваат во полето на женско претприемништво.

 

На 24 ноември 2022 беше одржан вебинар на тема: Зајакнување на жените преку развој на вештини!, каде учество зема и Емилија Андонова, проектен менаџер во Фондација за менаџмент и индустриско истражување и координатор за градење на капацитети во Националната платформа за женско претприемништво. На овој вебинар беа презентирани три успешни иницијативи кои го поддржуваат процесот на вештини за жените во бизнисот каде Андонова зборуваше за програмите, активностите и имплементирани инцијативи кои Националната платформа за женско претприемништво ги имаше овој период. Учесниците на вебинарот можеа да се запознаат со големиот дел на можности и поддршка кои Националната платформа за женско претприемништво ги нуди. Како единствено тело кое работи во полето на женско претприемништво на национално ниво, Националната платформа за женско претприемништво допринесува постојано да ги донесе сите информации на едно место поблиску до жените претприемачки и до тие кои работат во полето на женско претприемништво.

 

Во вебинарот споделување на успешни практики од други земји беа претставени и од Италија и Унгарија. Станува збор за следните иницијативи:

DITA – Иновативна платформа за поддршка на дигитална трансформација, претставена од Loredana Flego, која работи како проектен менаџер во италијанска консултантска компанија за истражување и развој  NeroSuBianco која е активна во обука, поддршка и обука на мали и средни претпријатија во областа на паметната индустрија и циркуларната економија.

TalentA – програма за едукација и поддршка за жени фармери, претставена од Margit Batthyány-Schmidt, основач и претседател на Унија на унгарски жени каде што спроведува професионални и застапнички активности со цел да им помогне на карпатско-унгарските организации и бизниси, главно оние со женски и земјоделски фокус.

Вебинарот понуди одлична можност за вмрежување, врсничко учење и споделување на добри практики со цел да се подобри поддршката што ефикасно им се дава на жените претприемачи.

Овој вебинар е дел од серијата вебинари за врсничко учење на WEgate за пренесување на знаењето на Европски реномирани компании и организации кои работат во полето на женско претприемништво. WEgate се спроведува од страна на Фондација за менаџмент и индустриско истражување (Македонија), ESBA (Белгија), Business angels Europe (Белгија) и Grow your business (Ирска).

Проектот е имплементиран од: