НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ДЕН НА ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ – УЈП СО ТРКАЛЕЗНА МАСА “Женското претприемништво и неговата улога во даночниот систем,,

ДЕН НА ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ – УЈП СО ТРКАЛЕЗНА МАСА “Женското претприемништво и неговата улога во даночниот систем,,

Во рамки на одбележување на Денот на даночните работници, Управата за јавни приходи организираше тркалезна маса ,, Женското претприемништво во Република Северна Македонија и неговата улога во даночниот систем,,.

Денеска во Клубот на пратениците во присуство на Сања Лукаревска, директор на УЈП, Јована Тренчовска, министерка за труд и социјална политика, Елизабета Пендаровска, првата дама на државата, претставници од Стопанските и занаетчиските комори, разни организации од сферата на претприемништвото и женското претприемништво, претставници од Амбасадите, присуствуваше и претседателката на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска.

На тркалезната маса, главен фокус беа искуствата на жената претприемач при менаџирање на компаниите во регионот, предизвиците со кои се соочуваат модерните жени претприемачки во светот кој брзо се менува, нивната вклученост во даночниот систем, начини за негово подобрување, и други прашања кои произлегуваат во секојдневното функционирање на жената претприемач, со цел преку дијалог и структурна соработка да се придонесе кон зајакнување на женското претприемништво.

Проектот е имплементиран од: