НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за членство во секторска група “Зелена транзиција на бизнисите”

Јавен повик за членство во секторска група “Зелена транзиција на бизнисите”

Предмет: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНСТВО ВО СЕКТОРСКА ГРУПА

,,ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА НА БИЗНИСИТЕ”

при Националната платформата за женско претприемништво (НПЖП)

 

Почитувани,

Здружението на бизнис жени, кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Сојуз на Стопански комори на Македонија за спроведување на проектните активности, објавува Јавен повик за пријавување на членови кои сакаат да учествуваат во секторска група “Зелена транзиција на бизнисите” при Националната платформата за женско претприемништво

Платформата НПЖП се формираше преку спојување на веќе постоечката Платформа за женско претприемништво и Националниот совет за женско претприемништво со цел подобро искористување на потенцијалот од овие тела за развој на женското претпримништво и можноста за креирање на заеднички политики кои ќе придонесат за општото добро.

Основна цел на НПЖП е како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси и преку соработка со институции, приватен сектор, меѓународни партнери да го унапреди женското претприемништво, да се отвори пристап на глобалниот пазар и да воспостави еднакви услови за поддршка на компаниите водени или управувани од жени.

Структурата на НПЖП е составена од четирислоен пристап: 1) Совет за женско претприемништво 2) Оперативните групи, односно ад-хок групи (тематски и секторски групи) за адресирање на одредени области/сектори од интерес за женското претприемништво; 3) Хабови за женско претприемништво за координација на активности за ЖП на регионално ниво; и 4) Поширока заедница на платформата, составена од граѓански организации, кои ќе се приклучуваат на платформата и/или ќе учествуваат во различни активности на за женското претприемништво.

Повеќе детали за организирање и делување на секторската група се презентирани во прилогот кој е составен дел  на овој јавен повик.

 

Со почит

Валентина Дисоска

Претседателка, Национална платфoрма за женско претприемништво

 

Прилог: Опсег на надлежности на секторска група ,,Зелена транзиција на бизнисите” на НПЖП

 

ОПСЕГ НА НАДЛЕЖНОСТИ НА СЕКТОРСКА ГРУПА

“Зелена транзиција на бизнисите” на НПЖП

 

  1. За платформата

Националната платформа за женско претприемништво е доброволно, неформално обединување на активни актери од граѓанскиот сектор,  креатори на политики и релевантни институции што дејствуваат во областите на женското претприемништво. Платформата се формира од претходно постојниот Национален совет за претприемништво на жените (НСЖП), кој делува на ниво на национална политика и Платформата за јакнење на жените во претприемништвото. Овие структури како основа за поставување на Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) во корист на понатамошно економско зајакнување на жените и зголемување на нивното учество во процесите на јавна политика и на национално и на локално ниво.

 

  1. Општо – улога и значење на секторските групи

Најмалку 3 (секторски групи) ќе бидат функционални во рамките на НПЖП, составени од нејзини членови, решавајќи ги предизвиците со политиките во приоритетните сектори преку организирање на активности за консултации, како што се: состаноци на засегнатите страни, креирање и објавување на документи за јавни политики и следење на спроведувањето на политиката во сродните деловни сектори. Ќе бидат организирани најмалку 3 секторски групи со засегнатите страни со учество на 20-25 експерти придружени со креирање и печатење на 3 (три) документи за јавни политики.

За 2023 година е планирана третата и последна секторска група со наслов “Зелена транзиција на бизнисите”

 

  1. Цели и улога на секторска група ,, Зелена транзиција на бизнисите”

Секторската група “Зелена транзиција на бизнисите” е оперативна група која ќе се формира во рамки на  на НПЖП.  Активностите на секторската група се очекува да бидат корисни во однос креирањето на политики за зелена транзиција на бизнисите со осврт на женското претприемништво. Оваа секторска група ќе работи на разгледување, советување и креирање на мислења и активности, потребни за креирање на политики за јакнење на женското претприемништво.

 

  1. Членови на секторска група

Секторската група се состои со ограничен број на членови кои се и членови на Националната платформа за женско претприемништво и се истакнати претставници од еко-системот на економско јакнење со специфичен осврт на женското претприемништво.

 

  1. Пристап користен при креирањето на Секторската група

 

  • Водечки принципи при работењето на секторската група:

Отворени за дискусија и соработка со сите релевантни чинители и стејкхолдери во областа на женското претприемништво;

Фокусирани и практични. Секторската група има за цел да биде фокусирана и практична во однос на темата за зелена транзиција на бизнисите со осврт на женско претприемништво;

Комплементарна и инспиративна. Секторската група има за цел да додаде вредност на постојната работа на НПЖП;

Релевантна за пошироката публика. Секторската група има за цел да произведе резултати релевантни за пошироко заинтересираната публика

  • Лични карактеристики на членовите на секторската група:

Лидерство – Позицијата мора да ја пополни лице кое има докажано искуство во поддршката на женското претприемништво;

Посветеност – Позицијата мора да ја заземе лице кое експлицитно ја изјавило својата посветеност да помине неколку часа секој месец за поддршка на НПЖП;

Теренски пристап – Позицијата е доделена на лице кое го изразува својот ентузијазам за промовирање на НПЖП во секоја прилика каде што е можно.

Претходни искуства и познавања на проблематиката

 

  1. Одговорности на членовите на Секторската група

 

  • Да имаат познавање од областа на зелена економија
  • Да обезбедат совети и насоки за развој на политики и нови решенија за оваа тематика;
  • Да дадат осврт на регулативата со која ќе се постигне целосен увид на состојбите во регулативата и можностите за понатамошен развој на женското претприемништво;
  • Обезбедат совети за прашања покренати од раководната структура на НПЖП како и од членовите на платформата во врска со зелена економија и женско претприемништво;

 

  1. Состаноци на Секторската група

Секторската група ,,Зелена транзиција на бизнисите” ќе одржи еден состанок на 19 мај 2023 година. Освен ако не е поинаку договорено, известување за средбата со која се потврдува местото, времето и датумот заедно со нив агендата на точки што треба да се дискутираат, ќе бидат проследени или известени до секој член на Секторската група, секое друго лице од кое треба да присуствува, најдоцна во рок од пет работни дена пред датумот на состанокот.

Како резултат од работата на секторската група ќе произлезе документ за политики кој ќе биде промовиран до крајот на 2023 година.

 

  1. Начин на аплицирање

Аплицирањето за членство во секторската група се врши со доставување на професионална биографија на предложеното лице од ор­га­ни­за­ци­ја­та / институцијата и со потпишување на Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво со која што апликантите ќе станат членови на НПЖП.

 

Декларацијата за потпишување ќе ја надете на следниот линк:  

https://drive.google.com/file/d/1-ELsvjjBcu_vRdgsj2qhCph6V9b7Ja-5/view?usp=sharing

 

Целосните документи (професионална биографија и декларација, потпишана и скенирана) треба да се достават најдоцна до 17.05.2023 година на следната маил адреса [email protected].

 

Подетални информации за времето и местото на одржување на настанот ќе Ви бидат доставени најкасно 5 дена пред одржувањето на настанот.

Проектот е имплементиран од: