Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница. Сето тоа со цел да се постигне економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја.
Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.