НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Приклучи се

Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.

 

Националната платформа за женско претприемништво е иницирана и предводена од Здружението на бизнис жени во соработка со Сојуз на стопански комори на Македонија, Националната федерацијата на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување, а кофинансирана од ИПА Програмата на ЕУ за Граѓанско општество и медиуми.


Платформата има за цел да обезбеди неопходна основа за влијание врз севкупниот развој на женското претприемништво во земјата, вклучувајќи ги и процесите на ЕУ интеграција преку воведување на ефикасен механизам за консултации, застапување и влијание.

Сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации и/или неформални групи (асоцијативно членство) можат активно да учествуваат во активностите на Платформата.


Зачленувањето во Платформата се врши со пополнување и доставување на Декларација  за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво на [email protected]

 

Преземи декларација 

Проектот е имплементиран од: