Дипломира на Машински факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, со стекнато знаење магистер. За време на студиите се стекнува со знаења од областа на производните системи, планирање и контрола на производство, оптимизација, управување на квалитет, претприемништво и стратегиски менаџмент. Овие познавања има можност да ги надогради и примени во пракса преку имплементација на активностите на својата матична организација, Фондација за менаџмент и индустриско истражување, каде ја извршува функцијата на извршен директор и постар истражувач. Повеќе од 20 години искуство во пружање на консултантски услуги, обуки и техничка поддршка во областа на развојот на бизнисот. Има работено на бројни интернационални проекти за развој на бизнисот како локален и регионален консултант и технички советник. Поседува огромно искуство во работење со претпријатија, јавниот сектор, секторот на граѓански здруженија и НВО, меѓународни развојни организации, академскиот сектор и поединци.
Нејзиното индустриско искуство ги вклучува машинската, дрвната, пластичната, текстилната и прехранбената индустрија, како и секторите на градежни материјали и ИТ.
Моментално ја извршува функцијата потпретседател на Националната платформа за женско претприемништво како и заменик претседавач на Тематската група: Женско претприемништво управувана од ЕК агенцијата за МСП – ЕАСМЕ. Со своето долгогодишно искуство, неколку години го менаџира Советот за женско претприемништво на Европско ниво дел од инцијативата WEgate поддржана од Европската Комисија, придонесувач е за дефиниција за женско претприемништво според ИСО стандарди, експерт за дизајнирање и испорака на првиот мастер курс за циркуларна економија во земјата, претседател на Управниот одбор на ИКТ бизнис инкубатор, дел од експертски групи за национални теми за женско претприемништво, иновациски и индустриски политики, член на Советот за женско претприемништво на Град Скопје.