Завршна конференција „ЖЕНИТЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО: ПРАВО НА ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА“
Здружението на бизнис жени во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување ќе одржи завршна конферен-ција на тема „Жените на работното место: Право на достоинствена работа“ на 5 декември 2024 година. Овој значаен настан ќе собере лидери, експерти и креатори на политики за да разговараат за едно од најитните прашања на нашето време – стремежот кон достоинствена работа за жените.
Конференцијата која се организира во рамки на проектот ,,Пристојна работа за жени работничи – Социјално учество и зајакнување,, финансиран од Европската Унија, ќе послужи како кулуминација на двегодишната работа на проектот во областа на пристојната работа на жените работнички. Овој настан ќе собере најмалку 100 учесници, вклучително и заинтересирани страни во проектот, експерти, претставници од државен, граѓански и приватен сектор и други релевантни страни. Учесниците на настанот ќе добијат непроценлив увид во моменталната состојба на правата на жените на работното место и ќе научат за успешни стратегии за создавање правични работни средини.
На конференцијата преку интерактивни панели ќе се дискутира за следните теми:
– Жените работнички и правото на пристојна работа – предизвици и решенија,
– Институционалната поддршка – клучна во постигнувањето на пристојна работа за сите
На настанот ќе се презентира и Декларацијата за пристојна работа и главниот правец на родова рамноправност во социјалниот дијалог во Македонија чија цел е да го зголеми учеството на жените во трговските и работничките синдикати, да ги воспостави и да ги зајакне одделенијата за жени и да ги интегрира темите на родова рамноправност во релевантните дискусии.
Детали за настанот:
Датум: 5 декември 2024 година
Локација: Холидеј Ин, Скопје
Час: 10:00
Резервирајте го Вашето место за учество на конференцијата преку пријава на следниот линк Пријава за учество на завршна конференција и придружете ни се да работиме заедно за да го отвориме патот кон иднината во која секоја жена има право на достоинствена работа.