НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Миле Бошков

Миле Бошков е една од клучните личности и лобист за политики во Северна Македонија на полето на социјалниот дијалог од 2001 година. Претставувајќи го гласот на бизнис заедницата, а во меѓувреме зајакнувајќи го капацитетот на деловниот екосистем, г-дин Бошков е вистински експерт за застапување и лобирање во однос на индустриските односите и социјалниот дијалог. Соработувајќи со многу меѓународни организации, тој е еден од главните чинители во подобрувањето на деловното опкружување во Северна Македонија

во однос на индустриските односи, образованието, социјалниот дијалог, како и примената на корпоративните корисни практики и целосната перцепција на деловниот раст и можностите за развој. Со своето огромно искуство и експертиза, од 2001 година тој успеа да ја направи Бизнис конфедерацијата на Македонија еден од главните актери и национални социјални партнери на владата на Северна Македонија за подобрување на деловното опкружување, поттикнување на конкурентноста и деловната етика, развивање дијалог на деловната заедница и градење меѓународни корпоративни партнерства.

Проектот е имплементиран од: