НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за ангажирање на правни советници

Јавен повик за ангажирање на правни советници

Јавен повик за ангажирање на правни советници

во рамки на проект

ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување“,

финансиран од Европската Унија

 

Инструкции за апликанти

  1. ВОВЕД

Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 16А, 1/11,  1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување “, финансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, објавува Јавен повик за ангажирање 16 (шеснаесет) правни советници.

 

На повикот може да се пријават  само физички лица.

 

Цел на проектот:

Општа цел: Промоција, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на жените работнички во Северна Македонија.

Специфични цели:

  • Поттикнување механизми во рамките на Националната платформа за женско претприемништво (NPWE) за поддршка на пристојната работа за жените работници;
  • Промовирање на вредноста на пристојната работа за работничките во постоечкиот социјален дијалог;
  • Придонес за заштита на работничките права на работничките;
  • Зголемување на јавната свест за важноста на пристојната работа за инклузивен и одржлив економски раст.

 

  1. ЦЕЛ И ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Оваа активност се фокусира на обезбедување директна поддршка на жените работничките преку формирање на мрежа на правни советници за подобро разбирање и остварување на  нивните права на пазарот на трудот. Ќе бидат ангажирани 16 (шеснаесет) правни советници:

2 (два) од Скопски плански регион

2 (два) од Источен плански регион

2 (два) од Североисточен плански регион

2 (два) од Вардарски плански регион

2 (два) од Пелагониски плански регион

2 (два)  од Полошки плански регион

2 (два) од Југоисточен плански регион

2 (два) од Југозападен плански регион

 

Работни задачи:

  • Давање бесплатна правна помош за прашања од работен однос како што се минимална плата, прекувремена работа, дискриминација, прописи за безбедност и здравје при работа и сл.
  • Подготвување, пишување и испраќање: претставки до Државниот инспекторат за труд и до другите надлежни инспекторати за кршење и повреда на права од работен однос
  • Следење на текот на предметите во кои е ангажиран;
  • Следење на сите фактори кои може да влијаат во исходот на случаите како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
  • Посредување во спорови меѓу работодавците и вработените, како што се прекин на договор, дискриминација, вознемирување, спорови за плата и други конфликти на работното место;
  • Помагање и асиситирање во подготовката на случаи за судски спорови, вклучувајќи собирање докази, интервјуирање сведоци и подготовка на правни документи;
  • Правните советници треба да бидат во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи;
  • По завршување на работните задачи правните советници треба да достават пополнети timesheets за својата работа, како и финален извештај;
  • Да учествуваат во кампањата на социјалните медиуми која ќе се спроведе во рамките на проектот за зголемување на видливоста на правните советници;
  • Сите активности на правните советници треба да бидат поткрепени со соодветна документација и докази за извршените задачи заради документирање на активноститие и истите ќе служат само за известување кон институцијата давател на грант и информациите нема да бидат користени за други цели. (Доказен материјал за извештаи: е-маил комуникација, пишан документи, снимки од консултативни средби, листа на потпис од одржаната средба поткрепена со фотографија и со краток извештај за сработеното и сл.)

 

  1. ПОТРЕБНИ КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Критериуми

Правните советници треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;
  • Најмалку три години работно искуство во вршење на правни работи;
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Компјутерски вештини
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа

 

Временска рамка

Периодот на ангажман на правните советници е 6 месеци почнувајќи од 01.08.2024 до 31.01.2025 година

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ

Ќе биде избран понудувач чија понуда ќе освои најголем број на бодови како збир на бодови од секој критериум. Како критериуми се земаат следниве:

 

Kритериуми

Бодови

1.

Професионална биографија и искуство

50

2.

Листа на референци

50

 

Вкупно

100

 

 

  1. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните лица треба да ги достават следните документи:

  • Професионална биографија
  • Листа на референци
  • Мотивационо писмо

Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите докумeнти најдоцна до 20.07.2024 година на [email protected]. Апликациите задолжително гласат на име „Оглас за правен/правна советник/советничка“  и плански регион за кој аплицираат.

 

  1. ИНФОРМАЦИИ

Повеќе информации може да бидат побарани на е-маил [email protected]

Проектот е имплементиран од: