Завршната конференција: „Жените на работното место: право на достоинствена работа“, организирана во рамките на проектот „Достојна работа за жени работнички – социјално учество и зајакнување“ на петти декември 2024 година во Скопје беше посветена на презентирање на резултатите од проектот и дискутирање на главните предизвици со кои се соочуваат жените во остварувањето на праведни, безбедни и пристојни услови за работа.
На конференцијата учествуваа различни засегнати страни, вклучувајќи носители на одлуки, истражувачи, претставници од граѓанското општество, работодавачи, синдикати и самите жени работнички. Воедно, учесниците ја потврдија заедничката посветеност и заложба за унапредување на правата, благосостојбата и економската состојба на работничките во сите сектори и плански региони во земјата.