НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

25 август- Прва средба на тематската група „ Политики и програми на женско претприемништво“

25 август- Прва средба на тематската група „ Политики и програми на женско претприемништво“

Националната платформа на женско претприемништво“  во рамки на својот Проект, во следните 30 месеци  ќе организира три различни тематски групи,  кои ќе работат во функција и  развој на препораките, за подобрување на условите во избраните области.

 

Тематската група “Политики и програми за женско претприемништво“, својата прва средба ќе ја одржи на 25 август, од 11 до 13 часот. Поради  тековните состојби со Ковид пандемијата, состанокот ќе се одржи онлајн. Тематската група, ќе работи на политики и програми за женско претприемништво во следните  три месеци ќе ги одржи планираните три состаноци. Оваа тематска група ќе работи на разгледување, советување и креирање на мислења и активности, потребни за промената на политики и програми за женското претприемништво.

 

На првата средба на Тематската група своето учество го најавија: МАСИТ –Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии,  ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето, УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ кој еммедна од најстарите научно-истражувачки организации од областа на земјоделството во Македонија, кој е формиран уште во далечната 1944 година, и моментално е водечки истражувачки институт во поглед на растителното производство, ЖенитеЗаСајберот (Women4Cyber North Macedonia) е Национално Поглавје на Women4Cyber Foundation (основана од Европската Организација за Сајбер Безбедност), ЛАГ АГРО ЛИДЕР– здружение за рурален развој кој овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини во Пелагонискот регион, ИВАНОВ ШКОЛА ЗА ЛИДЕРИ – АЛУМНИ АСОЦИЈАЦИЈА (ИСЛАА), организација со седиште во Скопје, во којашто живее и се развива духот на преку 400 млади луѓе од Република Македонија и светот коишто се стремат да бидат предводници во соочувањето со предизвиците на современото време, Здружението на жени менаџери ЕЛИТ – кое е основано во 2009 година од страна на 15 основачки-успешни деловни  жени, менаџерки и лидерки во својот бизнис. Изборот на новите членки е по пат на менторство при што основен критериум е нивната професионалност, успех и лидерство кои тие  ги поседуваат, МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН  – Гостивар, се состои во генерирање на знаење и наука како и создавање и негување на различните културни вредности во општеството. Се очекува д априсуствуваат и други организации со свои претставници кои ќе дадат придонес во делот на женското претприемништво.

 

До крајот на проектот, секоја следна година ќе работи по една тематска група, составена од најмалку 15 членови учесници во Проектот  а  резултатите од тематските групи ќе се објават преку посебна кампања со вклучување на сите медиуми.

Истите ке бидат презентирани на годишните самити во рамки на проектот кој се планира да се одржуваат секој ноември до завршување на Проектот.

 

 

Проектот е имплементиран од: