НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Втората WEgate Академија, ќе се одржи на 12 и 13 октомври 2021

Втората WEgate Академија, ќе се одржи на 12 и 13 октомври 2021

Втората WEgate Академија, ќе се одржи на 12 и 13 октомври, 2021 година, во организација на WEgate. Академијата има за цел да ги поддржи жените претприемачи и да ги зајакне нивните капацитети, со што ќе се забрза нивниот раст, преку едукација за финансиска писменост и пристап до финансии, зелена и дигитална трансформација. Со разновидни теми и меѓународно признати обучувачи, организациите за поддршка на жените претприемачи и жените претприемачи ќе имаат можност да се запознаат со вистински алатки и информации за тоа како тие можат да го зајакнат женското претприемништво низ Европа, преку проширување на нивното присуство и промоција преку Интернет, зголемување на нивната финансиска писменост, информации за пристап до капитал и јавни средства, како и можности за имплементација на концептот на циркуларна економија во нивните бизниси.

WEgate Академијата е интерактивен настан, каде учесниците ќе имаат можност не само да учат, туку и да се поврзат и да ја прошират својата мрежа на соработници и бизнис партнери преку сесиите за вмрежување.

Учеството е бесплатно, а официјален јазик е Англискиот. Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Резервирајте го вашето место и регистрирајте се тука!

Проектот е имплементиран од: