НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Годишен Самит 2021

Годишен Самит 2021

19 ноември е Светски ден на женското претприемништво – Women’s Entrepreneurship Day (WED). Како ден на женското претприемништво се одбележува од 2014 година, кога е за прв пат промовиран во ОН во Њујорк. Тоа е ден кога жените претприемачки се промовираат и се разговара за нивните предизвици, можности и успеси.  А, како свој ден  го имаат профатено 144 земји во светот. На светско ниво се воспоставени и Светски награди како и Национални програми и награди за женското претприемништво.

 

Проектот Национална платформа за женско претприемништво во Македонија , во организација на Здружениетo на бизнис жени, Фондацијата  за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на стопански комори на Македонија и Националната федерација на фармери а со подршка на ЕУ , е одличен инпут во остварување на целите и  обезбедување на можностите за женското претприемништво кај нас.

 

Зошто е потребно да се зборува и делува на оваа тема?  Жените се мнозинство од населението во светот, но не се доволно застапени во пристапот до можностите (од преземање на бизнис потфат до управување, од вработување до политички ангажман). Малцинскиот статус на жените во економијата е различен, во зависност од секторите, но и од работните задачи кои жените ги работат. Жените поретко од мажите преземаат бизнис потфати, а уште помалку жени преземаат технолошки интензивни деловни потфати. Малцинскиот статус на жените е најизразен во областа на управувачките работи: колку е нивото на управување повисоко, толку помалку има жени.  Причините за ваквата родова нерамнотежа во остварувањето на основните права значително е одредена не само со културолошкото наследство, но и со начинот на организација на семејниот живот кој пак е условен со достапната понуда на одредени услуги во сферата на грижа за деца и грижа за стари лица. Поради тоа, зајакнувањето на женското претприемништво не може да се оствари без  поврзани политики, програми и иницијативи за промена на рамките на општествениот систем на вредности, како и на институционалната инфраструктура која ја поддржува родовата избалансираност во секојдневните обврски во рамките на семејството, особено во поглед на децата и постарите лица.

 

 

Токму затоа насочувањето на вниманието на женското претприемништво се повеќе е важен дел за економскиот живот, со освојување и обезбедување на нови можности. Затоа НПЖП – Националната платформа за женско претприемништво,  Самитот за 2021 година ќе го одржи на 18 и 19 ноември 2021, одбележувајќи го Светскиот  ден на женското претприемништво и приклучувајќи се кон политиките за негов развој на национално и светско ниво. Во рамки на Проектот, Самитот во ист период ќе се одржува и 2022 и 2023 година а потоа ќе стане традиционален  годишен настан, на кој ќе се доделуваат наградите за најуспешните жени во бизнис секторот.

На Самитот се очекува да земат присуство повеќе од 100 учесници од целата држава и гости од странство.

Главната цел на Самитот е зголемување на видливоста и профилот на платформата и придобивките што ги обезбедува истата, за засегнатите страни и за женското претприемништво во целост.  Ваквиот пристап обезбедува  можност заедницата на платформата, да се собере, за да се споделат најдобрите практика и идеи, и да промовира политики што го поддржуваат женското претприемништво. На Самитот ќе биде претставена целосно Националната платформа за женско претприемништво, нејзините цели, резултати и идни чекори. Веќе во рамки на Платформата функционира со секојдневна видливост на активностите Платформата weplatform.mk како и радиоподкастот weradio.mk, од каде се споделуваат разговори со жени успешни претприемачки како и разговори со претставници од невладиниот и јавниот сектор, кои го помагаат овој дел од бизнис светот на жените. Во рамки на Проектот веќе постои jutube каналот “Тајната на успехот“, каде во видео подкастите со жените од светот на претприемништво се споделуваат успешните приказни. 

 

Во следниот период ќе се  организираат  хабови во сите осум плански региони, пуштање во функција на  Мобилната апликација на НПЖП и ќе работат формираните тела на Платформата за посеопфатно согледување на состојбите како и изнаоѓање начини за надминување на пречките. Посебен акцент и на Самитот ќе биде ставен на документот за јавни политики: „Жени во руралните области и претприемништвото“.

 

Преку овој настан ќе се поттикне дискусија помеѓу присутните претставници од различни институции и организации и жени претприемачки, кои се битни за женското претприемништво, како и заклучоци за подобрување на состојбите. На Самитот ќе присуствуваат екслузивни гости од светот на женското претприемништво на светски рамки, кои ќе се зборуваат на темата „Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво“.

Во рамки на Самитот е предвидено доделување на награда за избор на жена претприемач во микро, мали и средни компании во која активно се вклучи и Министерството за економија, препознавајќи го потенцијалот на жените претприемачи и потребата истиот да биде подржуван и поттикнуван. Ќе бидат доделени и награди за најуспешна млада лидерка и граѓански организации за добри практики, со план во иднина наградите да бидат традиционални.

Самитот во своите дискусии ќе допре и до „Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво”, а  ќе се одржат Б2Б средби помеѓу жени претприемачи и доколку сакате да бидете дел од овие средби можете да се пријавите на следниот линк-https://web2bsummit.talkb2b.net/.  Исто така ќе се одржат и работилници на теми околу најважниот дел за развојот на женското претприемништво –пристапот до финансии.

 

 

Годишниот самит во рамки на проектот  „Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП)“, кофинансиран од Европската Унија,  ќе се одржи на 18-ти  и 19 ти ноември 2021 година, во хотел Александар Палас со почеток во 9 и 30 часот. 

 

Пријавувањето за учество на самитот се  уште трае . Затоа пријавете се на следниот линк: Пријава за учество на настан ,, Нови перспективи за женско претприемништво- Прв годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво или на маил адресата: [email protected]

Самитот може да го следите  и онлајн преку апликацијата ZOOM а можете да се пријавите на следниот линк: 

https://us02web.zoom.us/j/82058627748

Агендата на Самитот може д аја погледнете на следниот линк:

https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2021/11/Agenda1_Kongres-1.pdf

 

 

Проектот е имплементиран од: