Apostolina Tsaltampasi е претседател на Здружението на бизнис жени на Грција (SEGE), кое се залага да го промовира женското претприемништво како клучен фактор за грчката економија. Таа е и претседателка на Балканската коалиција на бизнис жени од 2014-тата година а од април во оваа тековна 2021 година е генерален секретар на WEP -Woman Enterpreneurship Platform.-Европската Платформа за женско претприемништво.
Од 2018-та година и е исто така активна во промовирање во процесот на вмрежувања во ЕУ, но и со трети земји. Преку Здружението обезбедува обуки , тренинзи, менторство, постојана подршка и застапување за јавни политики.
Apostolina Lina Tsaltampasi, е родена Солунчанка и целото свое образование го завршила во Солун, каде дипломирала на државното училиште на Аристотелскиот универзитет.
За себе вели дека секогаш образованието и било предизвик. -„ За време на мојата втора година на студии, добив стипендија според Европската програма Сократ. Оваа програма ме доведе до Геонаучниот институт во Упсала каде што учествував во Истражувачка студија за причините за земјотресите во Грција. Од 1997-1999 година студирав професионално финансии, инвестиции и консалтинг во Образовниот колеџ за возрасни на Грчката берзанска организација. Помеѓу 2001-2003 година студирав на Универзитетот Македонија во Солун, добивајќи магистер по бизнис администрација по финансии. Од 2003 година продолжив да добивам образование за возрасни, а во исто време да предавам други возрасни во програмите за доживотно учење, универзитетите и техничките институти.“ -вели Apostolina Tsaltampas за своето животно образование, и нагласува дека тука не завршила со образованието, со кое од 2011 година продолжила откако била избрана да учествува во Програмата за обука на CIPE (Центар за меѓународни приватни претпријатија) во Вашингтон. Програмата била метод на далечинско учење траела 12 месеци. Како завршна сесија, во 2012 година била избрана да учествувам како стипендист (1 од 6 научници, од 1500 учесници), за понатамошна обука во ASAE University-Washington DC, како заедничка програма за обука CIPE-ASAE.
Тоа било почетокот на нејзинотот втурнување во светот на бизнисот. Инаку во нејзиниот опис на активности , со кои ја претстваува својата професија за себе пишува дека е: “консултант, деловен ангел, мотиватор и подржувач на иноватори“.
На Самитот 2021 во организација на Националната платформа за женско преприемништво, што ќе се одржи во Скопје на 18 и 19 ноември, Apostolina Tsaltampasi ќе учествува со своја дискусија на темата од првата панел сесија: “Меѓународни искуства и успешни приказни во подршка на женско претприемништво“. Таа ќе има многу што да сподели, пред се лични искуства кои ги има стекнато работејќи во својата фирма OECON, која инвестира во развој на меѓународни односи за корпоративни и јавни работи, и успева да даде најдобри можни деловни решенија дури во 56 земји. Таа е и промотор на висококвалитетни финансирани и приватно финансирани проекти со голема додадена вредност за бизнисите.
Извор https://www.linkedin.com/in/lina-tsaltampasi-75240722/