НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2021 – ПРОГРАМИ И ИНАСТРУМЕНТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО-ТЕМА НА ТРЕТАТА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

САМИТ 2021 – ПРОГРАМИ И ИНАСТРУМЕНТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО-ТЕМА НА ТРЕТАТА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

На вториот ден од одржувањето на Првиот Самит за женско претприемнипштво “Нови перспективи и можности на женското претприемништво 2021“,  на 19 –ти ноември од 11 часот ќе биде одржана и Третата Панел дискусија на тема: “Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво”.

Пристапот и обезбедувањето на финансии во поттикнување и подршка на женското преторимеништво секако дека е клучен фактор.

Панелисти ќе бидат : Тања Илијевска- Раководител на Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за подршка на приватен сектор во Фонд за иновации и технолошки развој ; Јумин Адеми- државен советник за претоприемништво и конкурентност на малите и средните претпријатија во Министерство за економија, Гоце Георгиевски – раководител на сектор за рурален развој во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Маја Столевска-Костадиновск –  Регионален координатор од Меѓународен совет за Западен Балкан во ЕБРД  и Игор Андреев-Аксцелетатор, директор на Центарот за истражувања во Вардарскиот плански регион 

Како прва ќе се обрати, Тања Илијевска која има работно искуство во финансиски сектор, како  дел од тимот на Фондот за иновации и технолошки развој, каде е раководител на Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за подршка на приватниот сектор. Токму изнаоѓањето на вакви програми за подршка е еден од клучните елементи кога станува збор за поттикнување и развој на бизнис секторот каде жените се вклучени како раководители и сопственици, за што ќе се зборува на Панел дискусијата посветена на финансиите.

 

Јумни Адеми кој е Државен осветник за претпреимништво и конкурентност на МСП од Министерството за економија, кое е институционален покровител на Првиот годишен САМИТ за женско претприемништво. На Самитот  ќе ги презентирам програмските активности на Министерството за економија, за развој на  женското претприемништво како и конкретните мерки за помош на жените претприемачи во Република Северна Македонија-посочи Адеми!

 

Трет панелист ќе биде  Гоце Герогиевски, раководител на сектор за рурален развој во Министерството за земјоделие,шумарство и водостопанство 

Георгиевски ќе зборува за постоечката национална програма во земјоделство и рурален рзвој и ИПАРД програмата со фокус на афирмативните мерки за жените земјоделки посебно мерката 115 за Поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство како и за функционирањето на координативната група за родова еднкавност при МЗШВ.

 

Маја Столевска-Костадинова, Регионален координатор од Меѓународен совет за Западен Балкан во ЕБРД, кои инвестираат во менување на животите на трите континенти преку градење одржливи и отворени пазарни економии. Токму визијата за иднината и развојот на ЕБРД до 2025 година, ќе се тема на панел дискусијата   со промоција и еднаквост на можности преку пристап до вештини и вработување, финансии и претприемништво за жените и младите.

 

Бизнис можностите кои ги нуди х фактор акцлератор за старт ап компании  ќе биде темата на која ќе зборува Игор Андреев, директор  на х фактор акцелератор и директор на  Центарот за истражувања во Вардарскиот плански регион, кој првенстввено подготвува предлог-програми за развој на планскиот регион, изготвува предлог-акциски план за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион и изготвува предлог проекти за развој на планскиот регион и подрачјата со специфични развојни потреби.

 


Да потсетиме дека Самиот ќе се одржи на 18 и 19 ноември од 9 и 30 часот во хотел Александар Палас во Скопје и за сите оние заинтересирани кои не можат да присуствуваат во живо ,истиот може да го следат пореку Апликацијата  на следниот линк https://us02web.zoom.us/j/82058627748

Настанот можете да го следите во живо на ФБ страната на НПЖП  https://www.facebook.com/NPWENationalplatformforwomenentrepreneurship

Доколку сакате да се запознаете со Агендата на настанот кликнете на следниот линк https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2021/11/Agenda_MK_Summit_NPWE.pdf

 
Проектот е имплементиран од: