НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Со „Разбистри се“ во Зрновци – реката Зрновка, канал со достапна вода но и без системи капка по капка

Со „Разбистри се“ во Зрновци – реката Зрновка, канал со достапна вода но и без системи капка по капка

Во рамки на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ , која се спроведува во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, финансиран од Британската амбасада во Скопје. чии активности ги спроведува Институтот за комуникациски студии и Алијансата за застапување и лобирање а како партнер во проектот , Здружението на бизнис жени во тек на октомври оствари едукативно-информативна средба со жителите од општина Зрновци.

На средбата беа присутни земјоделки, самостојни жени фармери и претставници од граѓанскиот сектор кој секогаш наоѓа начини како да ги помогне жените во руралните средини. Снабдувањето со вода за  нивните потреби пред се  во земјоделието како главна дејност во овој регион но и сточарството како и активностите за заштита на животната средина пред се заштита на каналот и реката Зрновка од загадувања, се бројните предизвици и обврски со кои се сретнуваат истакна Жаклина  од Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци.

Одгледувачката  на кози,  потенцираше дека е многу тешко да одгледуваш кози и да правиш производи од нивното млеко а да се соочуваш со недостаток на вода.  -“Козите ги водам по два пати да се напијат вода  која  о не секогаш е чиста во долното течение во коритото на река Зрновка и козите не сакаат да ја пијат- вели Данка Илијева самостоен фармер од селото Зрновци.

 

Хидромелиоративниот систем Калиманци е сериозно оштетен а една од главните причини е дека не е обновен а стариот систем за наводнување  кој  е истрошен и потребно да се направи сериозна реконструкција, со цел да се овозможи  понормално тековно водоснабдување.

 

 

Проектот е имплементиран од: