НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Локални хабови во осумте плански региони се формираат во рамки на Националната платформа за женско претприемништво

Локални хабови во осумте плански региони се формираат во рамки на Националната платформа за женско претприемништво

Локални хабови се организираат во осумте плански региони во државава. Деновиве тимот на НПЖП ги посетува регионите: Полошкиот на 6. декември, Вардарскиот на 7. декември, Североисточниот на 10 ти , Југозападниот на 13-ти Пелагонискиот на 14-ти, Југоисточниот на 15-ти а на 17- ти со посета на Источниот ќе заврши првиот чекор кон формирањето на локалните хабови, кои својата работа ќе ја започнат со почетокот на Новата 2022-ра година.

 

Со посетата на градовите Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струмица и Штип ќе се создадат Локални форуми за консултации и поврзување на жените претприемачки на локално ниво.

 

 

На овој начин Националната платформа за женско претприемништво влегува во следната фаза кога активностите од Национално ги проширува на локално ниво за да овозможи понепосредно информирање и достапност на Платформата  до жените претприемачки.

Проектот е имплементиран од: