НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Платформа за промоција и продажба на женски бизниси- Приклучи се на www.womenpoweron

Платформа за промоција и продажба на женски бизниси- Приклучи се на www.womenpoweron

Сите жени претприемачки можат да станат  дел од онлајн платформата www.womenpoweron.com, која е изработена и управувана од страна на Центарот за управување со промени – ЦУП, со цел поголема промоција и продажба на женски бизниси и поддршка на женското претприемништво. Учеството на платформата е без паричен надоместок и вклучува можност за онлајн продажба на производи и услуги на женски бизниси на територијата на РСМ.

За повеќе информации може да се обратите на следната емаил адреса: [email protected]

Исто така може да се приклучите на Проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“, кој има за цел да ја зголеми конкурентноста на жените, да го зајакне женското претприемништво во регионот на Полог и Елбасан и да обезбеди одржливи решенија за развој на микро и малите бизниси на жените во прекуграничната област.

Ова е само дел од активностите на Центарот за управување со промени – ЦУП во функција на изнаоѓање начини за помош на женското претприемништво.

Проектот е имплементиран од: