НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Викторија Митрикеска, координаторка на Скопскиот плански регион

Викторија Митрикеска, координаторка на Скопскиот плански регион

Националната платфрома за женско претприемништво за своја координаторка во Скопскиот плански регион, ја назначи Викторија Митрикеска. Викторија е  Магистер по менаџмент со човечки ресурси со Диплома по политички науки. Таа студирала на магистерските студии на  Институтот за социолошки и политичко правни истражувања на Универзитетот “Кирил и Методиј”-Скопје и додипломски студии на Правниот факултет ” Јустинијан Први” на Универзитетот “Кирил и Методиј”-Скопје. 

Викторија има 12 години работно искуство во проектен менаџмент како и подготовка на регионални програми и стратегии за идентификување, промовирање и генерирање на синергии со владата, партнерите, граѓанските организации, бизнис секторот и другите засегнати страни.

Таа има солидно искуство во проектни активности кои промовираат  родова рамнотежа и еднаквост во спроведувањето на  бизнисот меѓу мажите и жените. Викторија е особено  активна  во спроведување на обуки за поттикнување на иновативни идеи кај  млади претприемачи, како и соодветно користење на активните мерки и програми за вработување на младите. Учествувала на меѓународни конференции како модератор и говорник на теми поврзани со претприемништво, деловна етика, иновации, работење на мали и средни претпријатија, корпоративна општествена одговорност (ООП).

Има повеќе од 9 години истражувачко искуство, во подготовка на анализи за регионален и рурален развој и користење на локални ресурси. Викторија Митрикеска е активна во национални и меѓународни мултиетнички тимови, како проектен менаџер и координатор. 

Секако дека работата во Скопскиот хаб на Националната платформа за женско претприемништво е уште еден предизвик кога се работи за извојување на нови нивоа и начини за економско зајакнување на жените во бизнис светот.

 

Проектот е имплементиран од: