НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Снежана Димитриевски – Локална координаторка на Хабот за Вардарскиот плански регион

Снежана Димитриевски – Локална координаторка на Хабот за Вардарскиот плански регион

Во Вардарскиот плански регион локална  координаторка на Хабот е Снежана Димитриевски.

Снежана Димитриевски има повеќе од 7 годишно искуство во креирање, аплицирање и имплементирање на проектни циклуси поддржани од национални и меѓународни донатори, а кои го поддржуваат локалниот и регионалниот развој. Од неодамна, односно од Јули 2021 година, стана и проектен координатор на Регионалната канцеларија за поддршка на социјално претприемништво, имплементирајќи активности кои поддржуваат иновации и претприемништво, давајќи посебен придонес и поддршка кон развојот на идеите и бизнисите на жените претприемачки од ранливата категорија од Вардарскиот регион.

 

По професија е дипломиран професор по англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што по дипломирањето се посветува на доквалификација на нејзиното образование со учество на бројни обуки и семинари во областа на женското претприемништво во земјата и во странство.

 

Вардарскиот плански регион е со седиште во Велес и оттаму координаторката на овој Хаб на Националната платформа за женско претприемништво ќе ги организиара активностите за овој регион.

Проектот е имплементиран од: