НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Национална платформа за женско претприемништво- Барање за прибирање на понуди за осмислување и спроведување на медиумска кампања

Национална платформа за женско претприемништво- Барање за прибирање на понуди за осмислување и спроведување на медиумска кампања

Барање за прибирање на понуди за осмислување и спроведување на медиумска кампања – „Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија го објавува следното Барање: 

Инструкции за понудувачи

 

1.ВОВЕД

Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3  1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери за спроведување на проектните активности, Ви доставува Барање за прибирање на понуди за осмислување и спроведување на медиумска кампања

Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управата за јавни приходи без ДДВ, заради исплата на средства од грант на Европската Унија.

Цел на проектот:

Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели:

  • Градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
  • Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво;
  • Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
  • Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП;
  • Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.

 

ЦЕЛ НА МЕДИУМСКАТА КАМПАЊА

  • Зголемување на свесноста кај жените, институциите и јавноста за  економските придобивки од присуството на жените во креирањето на политики за развој на претприемништво
  • Зголемување на информираност кај жените за можностите за нивно активно вклучување во прцесот на креирање на политики со националната и локалната власт
  • Да ги промовира жените претприемачи како двигатели на промени во јавната политика поврзана со женското претприемништво и економското зајакнување на (младите)
  • Да придонесе кон видливоста и достапноста на платформата

БУЏЕТ

Буџетот на проектот за осмислување и спроведување на медиумска кампања изнесува максимум 306.000,00 денари за период од 10 месеци.

 2.ОПИС НА ПОТРЕБНИТЕ УСЛУГИ

Понудувачот, лице или компанија, во понудата треба обезбеди:

– Свој соодветен предлог и решенија за осмислување и начини на спроведување на медиумска кампања врз основа на горенаведените цели на медиумската кампања и предвидениот буџет за истата.

3.ЦЕНА

Предложените цени за побараните производи / услуги треба да се фиксни, без вклучен ДДВ и изразени во денари.

 4.КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ

Следниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:

Технички критериуми Бодови

Предложени услуги 70

Портфолио на понудувачот  30

 

5. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните субјекти треба да достават скенирани понуди со технички и финансиски предлог на е-маил [email protected]  најдоцна до 16.02.2022 година.

6.ИНФОРМАЦИИ

Повеќе информации може да бидат побарани на на е-маил [email protected]

Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за набавка со прибирање на понуди ќе бидат електронски  известени за нивната евалуација, по донесување на одлуката за доделување на договорот за набавката.

Условите и начинот на плаќање ќе бидат регулирани со потпишувањето на договорот за испорака на услугите предвидени со ова Барање. Добавувачот гарантира дека целокупниот материјал нема да се користи за други намени, освен за оние на проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“.

 

 

Проектот е имплементиран од: