НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Општина Шуто Оризари даде поддршка на Националната платформа за женско претприемништво и ја потпиша Декларацијата за женско претприемништво

Општина Шуто Оризари даде поддршка на Националната платформа за женско претприемништво и ја потпиша Декларацијата за женско претприемништво

Во поддржувачите на активностите и иницијативите во рамките на Националната платформа за женско претприемништво, од денес се вбројува и Општина Шуто Оризари.

На денешната средба пред Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, локалната координаторка за Скопскиот плански регион, Викторија Митрикеска, ги презентираше стратешките цели кои треба да се реализираат во рамките на Националната платформа за женско претприемништво. Градоначланикот Курто Дудуш ја потпиша Декларацијата за  подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. На состанокот беше презентирано дека особено е значајно да се поттикнат активности за поддршка на Ромките претприемачки како и да подобрат нивните работни  вештини во насока на успешно водење на малиот бизнис. Со цел презентирање на проекти и активности кои ја имаат родовата еднаквост во својата содржина, кои ги предводи Општина Шуто Оризари, Градоначалникот Курто Дудуш, на состанокот ја покани да се приклучи и Фатима Османовска, координатор за родова еднаквост вработена во Секторот за локален еконсомски развој.

Г-ѓа Османовска истакна дека во моментот веќе е формирана работна група која ќе работи на Стратегијата за локален економски развој на Општина Шуто Оризари. Таа истакна дека во рамките на овој стратешки документ ќе бидат ставени приоритети за поттикнување и развој на женското претприемништво на територијата од општината. За таа активност, г-ѓа Фатима побара соработка и координација со цел правилно дефинирање на приоритетите од областа на женското претприемништво.

Националната платформа за женско претприемништво, која е воспоставена преку проект на ЕУ, и се спроведува партнерски од Здружението на бизнис жени, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување , изразува особено задоволство  што имаме поддршка од страна на Општина Шуто Оризари и дека во рамките на приоритетите и стратешките цели на проектот ќе се обрне особено внимание на економското зајакнување на жените Ромки и подобрување на нивните капацитети во процесот на спроведување на нивните претприемачки бизниси.

 

 

 

 

 

 

Проектот е имплементиран од: