Деновиви Општините Струга и Вевчани од Југозападниот Плански регион, ја потпишаа Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.
На состанокот со Координаторката на овој Хаб од Националната платформа за женско претприемништво Сузана Наумовска, беа истакнати потребите од поголем ангажман на локалната власт во насока на подобрување но и поттикнување на женското претприемништво во Општина Струга -посочи градоначалникот Рамиз Мерко.
Се трудиме што повеќе жени да бидат вклучени во работата на Општинските органи но и да им дадеме подршка на оние кои сакаат да почнат свој бизнис, истакна тој а она со што може да се пофалчиме е дека вработуваме многу млади жени и подржуваме занаети.
Во Општина Вевчани се повеќе жените се присутни и во општетсвениот и економскиот живот на Општината истакна градоначалникот Спасе Кочовски на средбата на која присуствуваа и Јасмина Бебекоска, Наташа Кукоска и Катица Попоска. Тој додаде дека ваква платформа е многу корисна и потребна а тие во Општината ги прават првите посериозни чекори кон давање подршка на жените кои сакаат да влезат во бизнис секторот. Затоа во Општината веднаш се назначија лица за контакт со НПЖП на локално ниво за да се преземаат соодветни активности во интерес на жените од бизнис секторот. Она што е приоритет на оваа Општина е дека поради тоа што жените не се сопственици на земјиште не можат да добијат субвенции за рурален развој се бараат решенија за истите. Секако така би се подобрила економската состојба на дел од овие жени.