НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Повеќе од 60 организации,поединци и институции досега ја потпишаа ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Повеќе од 60 организации,поединци и институции досега ја потпишаа ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) е воспоставена преку проект кој е кофинансиран од ЕУ, а го спроведува Здружението на бизнис жени, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР).

Од Здружението, во овие една година и три месеци откога е почнат овој Проект, напоменуваат дека нивните заложби се насочени кон обезбедување на системска поддршка за развој на женското претприемништво, преку креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој. Од особена важност за нив е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво, со цел, креирање на политики, застапување и соработка со националните и локалните власти, како и формирање на локални клубови за женско претприемништво.

Токму затоа кон крајот на 2021 година, паралелно со организирање на Хабови со Координаторки во Осумте Плански региони во Македонија, се почна со потпишување на Декларација за унапредување на женско претприемништво.

Подготвеноста на граѓанските организации, институции и поединци за давање подршка на оваа многу значајна област од економскиот раст во земјава е голема и потребна, што покажува дека за овие три месеци Декларацијата ја потпишаа околу 60 организации, институции и поединци а интересот е се поголем.

Декларацијата е првата скала, која е многу значајна во остварување на она што се основни заложби на Проектот и целите кон кои стремат сите директно  вклучени организации и поединци. 

 

Да се овозможат подобри услови за развој на женското претприемништво, да има можности од  вработување и самовработување на жените, грижата за жените во руралните средини и решавање на нивниот сеуште нерешен статус, да се освојат нови можности за развивање, не само на микро туку и на средни и макро претпријатија, се дел од заложбите на овој Проект.

Досега Декларацијата ја потпишаа Општините: Охрид, Струга, Вевчани, Струмица, Штип, Велес, Чучер Сандево, Сопиште, Карпош,  Кисела Вода, Управата за јавни приходи, Општините Центар, Шуто Оризари, Град Скопје, Министерството за економија и др.

Граѓанските организации: Женски форум од Тетово, Сонце од Тетово, Ади од Гостивар, Центарот за развој на Вардарски плански регион, Фондација Фокус – Велес, Граѓанската иницијатива на жени (ГИЖ) – Свети Николе,  Совет за превенција против малолетничка деликвенција (СППМД)- Кавадарци,Центар за развој на Североисточен плански регион – Куманово, Центар за интеркултурен дијалог ЦИД – Куманово, Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ -Крива Паланка, Скопски плански регион, ЕСА Охрид, Младински Совет-Охрид, ЗК Инклузија од Охрид, Мрежа на млади фармери, Локална агензија за развој, Македонска асоцијација за човечки ресурси, се дел од оние кои ја потпишаа Декларацијата а списокот на оние што секојдневно се вклучуваат е се поголем.

 

Поместувајќи го фокусот на делување од централно на локално ниво, Националната платформа се доближи повеќе до најдиректниот субјект во овој процес а тоа е жената претприемачка на која и треба подршка за почеток и развој на својот бизнис, кој води до нејзина економска независност, а тоа пак кон економски посилно семејство и општество воопшто. 

 

 

 

 

Проектот е имплементиран од: