НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

СОСТАНОК НА ТИМОТ И КООРДИНАТОРКИТЕ НА ОСУМТЕ ХАБОВИ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

СОСТАНОК НА ТИМОТ И КООРДИНАТОРКИТЕ НА ОСУМТЕ ХАБОВИ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Денеска тимот на Националната платформа одржа состанок со координаторките на осумте локални Хабови  и направи пресек по тримесечната работа во сите Плански региони во државава. Активностите се бројни и секојдневно се потпишуваат Декларации од општините, институциите и организациите за подршка и развој на женското претприемништво. Координаторките: Викторија Митрикеска од Скопскиот плански регион која има многу активности со сите 18 општини од овој регион, Елена Мишевска од Полошкиот регион, Снежана Димитриевски од Вардарскиот регион, Руменка Димоска од Пелагонискиот регион и Невенка Лонгурова Гирова од Источниот плански регион и Ксенија Манева- Вангелова од  Југоисточниот Плански регион, информираа за состојбите на локално ниво.

 

На почетокот состанокот зборуваше координаторката на Југозападниот плански регион со седиште во Охрид, Сузана Наумовска која од бројните активности во овој регион  се насочи кон активностите за конституирање на Совет за женско претприемништво како и вклучување на младите во овој Проект.

 

Советите на женско претприемништво според претседателката на Националната платформа Валентина Дисоска се форма на која треба да се работи на локално ниво, по примерот на Град Скопје за да се доближи до претприемачките на локално ниво.

 

Активностите  според информациите од терен на локалните координаторки се преземаат зависно од состојбите, и според нив се креираат локални политики за женското претприемништво.

 

На состанокот се разгледуваа и плановите за идниот период, кој треба да изобилува со настани според направениот План за работа, а како најскори настани се организирање на Обуки во месец мај како и вклучување на локалните организации во работата на Секторската група. Планирани се и Форуми во месеците мај и јуни во градовите Скопје, Охрид,Струмица и Велес  а во другите градови ќе бидат одржувани во есенскиот период во градовите Куманово, Штип, Ресен и Тетово,  со што се очекува уште поголема заинтересираност за Женското претприемништво на локално ниво.

 

Покрај работата на Координаторките во сите осум Плански ргеиони во тек е Јавниот повик за Локални Амбасадорки кои ќе се вклучат во работата на локално ниво меѓу младите.

Проектот е имплементиран од: