Активностите од проектот “Национална платформа за женско претприемништво “ денес беа споделени и во Општина Арачиново. На состанокот со Градоначалникот на Општина Арачиново, г-дин Ридван Ибраими заедно со г-дин Исен Рамадани, претставник од ЛЕР како и г-ѓа Нерџиван Реџепи, секретар на општината, беше презентирана мисијата и целта на проектот. Од проектот “Национална платформа за женско претприемништво” на средбата присустваа Мими Шушлеска Петкова од Сојуз на стопанските комори на Македонија и Викторија Митрикеска, локален координатор за Скопски плански регион.
На состанокот од страна на Градоначалникот Ибраими беше констатирано дека особено е значајно да се десеминираат активностите од проектот во Општина Арачиново, каде поголем дел од претприемачките бизниси кои се отворени од жени во оваа општина, се од областа на занаетчиството. Тој истакна дека, после КОВИД 19 пандемијата како и глобалните случувања, занаетчиите, малите и средни бизниси кои се отворени во руралните општини се соочуваат со проблеми од егзистенционален карактер и пристап до финансии и тие треба да ги слушнат сите поволности кои им се достапни , кои ќе бидат пренесени преку активностите од платформата. Во таа насока, како и со цел вклучување на поголем број на жени кои ќе се охрабрат да отворат свој бизнис во оваа општина, Општината Арачиново ќе даде поддршка на наредните активности во проектот.
Средбата со Градоначалникот Ридван Ибраими во Општина Арачиново беше завршена со потпишување на Декларацијата за поддршка и промоција на женското претприемништво.