НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ОХРИД – Унапредување на женското претприемништво

ОХРИД – Унапредување на женското претприемништво

Над 90% од жените претприемачи во земјава поседуваат само микро или мали бизниси, а причина за тоа е менталитетот. Токму затоа женската бизнис заедница изработи Национална стратегија за женско претприемништво и платформа за економско јакнење на жената. Женскиот бизнис сектор ќе бара враќање на Фондот за женско прептриемништво во минсистерството за економија.  

Женско претприемништво

Жените претприемачи треба да го добијат заслуженото место. Здружението на бизнис жени во земјава изработи Национална стратегија за женско претприемништво и платформа со цел економско јакнење на жената преку поттикнување на женското претприемништво.

Се смета дека жената многу посвесно и поодговорно го води бизнисот. Сепак, во земјава дури 90% од жените претприемачи поседуваат микро или мали бизниси. Причина за тоа е менталитетот, велат жените претприемачи.

 

„Жената за да може да работи треба да има имот на свое име, затоа што бизнисот не расте доколку нема вложување. Ние сметаме дека тоа мора да се промени. Треба да се остави дел на жената, за таа да може со нешто понатаму да тргне. Од друга страна, евидентно е дека банките баш поради таа причина помалку даваат кредити на жени претприемачки, затоа што немаат што да стават под хипотека. Од таа причина, нашите жени се во микро и мал бизнис, што значи дека тие вложуваат сопствени средства, позајмица од фамилија или пријатели“ – вели Валентина Дисоска претседателка на Национална платформа за женско претприемништво.

“Го детектираме невладиниот сектор. Детектираме жени прептриемачи на кои им треба оваа помош. Сега треба да пратиме пет организации на обука кои што ќе вратат фидбек во нашиот регион. Понатака, се очекува и првиот Форум, каде што ќе бидат присутни сите градоначалници и партнерите. Да се презентира како понатака да се имплементира стартегијата на локално ниво и како ние по таа стратегија ќе ги обработиме активностите“ – вели Сузана Наумоска локален координатор на Југозападен плански регион.

Бизнис секторот ќе бара враќање на Фондот за женско претприемништво во Министерството за економија. Годинава, фондот беше укинат поради малиот интерес и неискористеност.

 

„Ако тој фонд не бил искористен, значи дека мерката едноставно не парирала со можностите за жените. Најверојатно имало некои критериуми кои тие не можат да ги постигнат. Мислиме дека треба да се видоизмени повикот, за да може жените полесно да стигаат до тие средства“ – додава Дисоска.

Градоначалниците од Југозападниот регион во земјава и шеесетина невладини организации веќе ја потпишаа Декларацијата за женско претприемништво.

Новинар Соња Рилковска , Прилог на http://tvm.mk

https://tvm.mk/wp-admin/post.php?post=16851&action=edit
Проектот е имплементиран од: