НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво оствари средба во Општина Чаир

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво оствари средба во Општина Чаир

Претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска заедно со Викторија Митрикеска, локален координатор за Скопски плански регион остварија средба во Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со подпретседателката на Општина Чаир, Сермине Пурини ја потпишаа и Декларацијата за поддршка и поттикнување на женското претприемништво. На средбата се разговараше како можеме да постигнеме најдобра соработка со жените од Општина Чаир, со цел да им се овозможи да го олеснат патот до успехот во креирањето или  водење на нивните бизниси.

На средбата присуствуваше и Соња Ѓеоргиевска, раководител во општината, со која што разговаравме за старите занаети во Старата Скопска Чаршија и колку од нив се менаџирани жени.

Со цел продолжување на активностите и добрата соработка помеѓу платформата и Општина Чаир, беше донесен заклучок за дополнување на ингеренциите на Советот за родова рамноправност, кој функционира во општината, да се подготват содржински  активности за женското претприемништво соодветни со потребите во општината.

Проектот е имплементиран од: