Поддршка за развој на женското претприемништво од страна на шест градоначалници на Полошки Плански Регион
Изминатиов период Координаторката на Националната платформа за женско претприемништво Елена Мишевска оствари средби со шест градоначалници од Полошкиот плански регион.
Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво ја потпиша Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, кој истакна дека и во Програмата за развој на Општината има посебно место создавањето на бизнис инкубатори, во кои приоритет ќе им се даде на женските бизниси и дополително ќе ја поддржи платформата за женско претприемништво затоа што улогата на жените е навистина важна за овој регион.
Во конструктивната средба со претставниците од неговиот Кабинет Муамед Мустафа-одговорен за Младински совет и Севим Берзатии координаторка во кабинетот, како и Татјана Гогоска од Здружението на бизнис жени и Елена Мишевска, Координаторка на Националната платформа за женско претприемништво во Полошкиот регион, ги договорија следните активности во фунција на подршка и развој на женското претприемништво во овој многу важен регион.
Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво ја потпиша Градоначалникот на Општина Боговиње – Бесник Емши кој посочи дека навистина сака да ги поддржи и охрабри сите активности поддржани од жени истакнувајќи дека од вкупно 50 вработени во Општина Боговиње 30 се жени, дополнително посочи дека именувани се две жени директорки на основни училишта од Општината и во престојниот период ќе биде именувана и Директорка на градинка. Градоначалникот Бесник Емши ја поддржи платформата за женско претприемништво во која активно ќе се вклучи и ќе даде придонес за подобрување на улогата на жените во оваа општина.
Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво ја потпиша Градоначалникот на Општина Брвеница – Јовица Илиевски кој го поддржа проектот и активностите на Националната Платформа за женско претприемништво. Општината поседува документи за развој на женското претприемништво но е потребна поддршка од страна на проектот за развој на истите. На средбата присуствуваше Претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска која ги промовираше сите активности на проектот кој ќе се случуваат во престојниот период и сите повици во кои жените претприемачки може да се вклучат. На средбата присуствуваше и Наташа Стојческа виш соработник во одделението за правни работи во општината, со која што разговаравме за старите занаети, бизниси и колку од нив се менаџирани жени, ситацијата на успешните жени претприемачки во Општина Брвеница и нивно вклучување во активностите на проектот.
Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво ја потпиша Градоначалникот на Општина Теарце – Нухи Незири кој даде активна поддршка на проектот посочувајќи дека Општината има капацитети, располага со кадар и спремни се да превземат одговорност да дадат активен придонес во проектот затоа што овој проект е од голема важност бидејќи улогата на жената ја покажува успешноста на едно општество. Градоначалниот посочи дека 48% од вработени во Општината се жени и секторите за урбанизам и јавни набавки се предводени од жени и дека сеуште не е задоволен од таа бројка и ќе расте затоа што верува во капацитетите на жените.
Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво ја потпиша Градоначалникот на Општина Јегуновце – Димитар Костадиноски кој посочи дека ќе се залага за создавање добри услови за соодветна поддршка за развој на претприемничкиот потенцијал на жените-истакнувајќи дека треба поголема промоција на проектот во Општина Јегуновце затоа што има многу бизниси предводени од жени но има и жени со голем потенцијал кои се плашат да започнат бизнис и на кој им треба обуки и конкретни чекори за започнување на бизниси. Општината е спрема за активна соработка со Националната Платформа и им треба зајакната соработка за постигнување на поголеми и повлијателни резултати за поголема вклученост на жените на локално ниво.
Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво ја потпиша Градоначалникот на Општина Желино – Блерим Сејдиу кој истакна дека Општината е средба за активна соработка со Националната Платформа за женско претприемништво затоа што во оваа Општина на жените им е потребно поголемо охрабрување и мотивација. Градоначалниот посочи дека во 2019 година во рамките на Општината беше организиран Форум за жени кој вродил со плод и поголема поддршка за жените од Општина Желино. На средбата присуствуваа шефот на Кабинетот Јасин Шаќири, Член на кабинетот Есенѓил Хамити кој истакнаа дека се спремни за организација на обуки за споделување на информации и охрабрување на жените за отварање на нови бизниси.
После потпишувањето на Декларациите од шест градоначалници координаторката на Полошки Плански регион ќе оствари средби со Градоначалниците на Општина Гостивар, Општина Врапчиште и Општина Маврово – Ростуше. Потоа следи интензивна работа на локално ниво во сите девет општини, кое се очекува да донесе видливи резултати во развојот женското претприемништво воедно и подобри услови за жените од овој реги