НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Национална платформа за женско претприемништво организиара ОБУКИ за претставници од граѓанските организации – ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОЛИТИКИ

Национална платформа за женско претприемништво организиара ОБУКИ за претставници од граѓанските организации – ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОЛИТИКИ

Проектот Национална Платформа за Женско Претприемништво – НПЖП, кој го спроведуваат организациите: Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери, организираат ОБУКИ за ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОЛИТИКИ наменети за претставници од граѓанските организации поделени во три модули :

МОДУЛ 1: ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ, ВМРЕЖУВАЊЕ, СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА, ОДРЖЛИВОСТ

Инфо:

ШТО ЌЕ НАУЧАТ УЧЕСНИЦИТЕ ОД ОВОЈ МОДУЛ?


На крајот овој модул од обуката, учесниците ќе бидат подготвени да ги:


• Анализираат предностите и слабостите во една организација и како да изготват нацрт план за унапредување на организацискиот менаџмент и структура во организацијата со цел да може да ги поддржи иницијативите и активностите поврзани со проектите, вмрежувањето и собирање на средства а во функција на организациската одржливост.


•  Да изработат конкретен концепт и акциски план за вмрежување на ниво организација а во насока на застапување и креирање на политики во функција на поддржување на женското претприемништво.


• Да изработат конкретен концепт и акциски план за прибирање на средства а во насока на застапување и креирање на политики во функција на поддржување на женското претприемништво.


• Да ги изберат соодветните алатки и методи за организирање на секојдневните активности.

 

МОДУЛ 2: ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ИСТРАЖУВАЊЕ И ФАКТИ

ШТО ЌЕ НАУЧАТ УЧЕСНИЦИТЕ ОД ОВОЈ МОДУЛ?


На крајот овој модул од обуката, учесниците ќе бидат подготвени да ги:


• Анализираат јавни политики неопходни во процесот на застапување и креирање на јавни политики.


• Да изработат конкретен концепт и акциски план за водење на процес на истражување засновано на факти а во насока на застапување и креирање на политики во функција на поддржување на женското претприемништво.


• Да ги изберат соодветните алатки и методи за водење на истражување засновано на факти.

 

МОДУЛ 3: ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ И ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗАМ

ШТО ЌЕ НАУЧАТ УЧЕСНИЦИТЕ ОД ОВОЈ МОДУЛ?

На крајот овој модул од обуката, учесниците ќе бидат подготвени да:


• Дефинираат конкретен предизвик односно аспект кои сметаат дека е најважен да се реализира во одреден рок и со ограничени ресурси а во насока на менување на јавните политики кои ќе резултираат со подобрување на поддршката на женското претприемништво во Република Македонија.


• Да изработат конкретен концепт и акциски план за организирање настани во насока на застапување и креирање на политики во функција на поддржување на женското претприемништво.


• Да ги изберат соодветните алатки и методи за интернет активизам и изработат соодветен акциски план кои ќе ги поддржат нивните дефинирани цели за застапување и градење на политики.

 

Обуките ќе се реализираат на следните дати:

19-ти и 20-ти мај (четврток и петок) 2022 во Хотел Турист (Бест Вестерн),Скопје

 

МОДУЛ 1: ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ, ВМРЕЖУВАЊЕ, СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА, ОДРЖЛИВОСТ

Предавачи:

СТЕФАН ИВАНОВСКИ |  Проектен менаџер во CIVITTA, има преку 6 години меѓународно искуство во Северна Америка, Европа, Блискиот Исток и Централна Азија. Тој е актуелен претседател на Управниот одбор на LEAD, локална граѓанска организација која се фокусира на развивање на лидерски способности кај младите во Македонија. Тој е авторот на Skopje Innovation District 2026 предлогот, каде разви финансиски модел кој предвидува 10 годишен буџетски приходи и расходи и е ко-автор на São Paulo Innovation District, каде што го водеше креирањето на Open-Source Innovation District. Работел во телекомуникациската индустрија во областа на истражување на пазар, развој на производ и лансирање производ за ИТ добавувач на Блискиот Исток. Има искуство со работа на проекти во регионот финансирани од донори како што се: Меѓународна финансиска корпорација (IFC), Светска Банка (WB) и Европска Банка за Обнова и Развој (EBRD). Стефан е магистер по урбано планирање на Универзитетот во Пенсилванија и дипломски студии по меѓународни односи и шпански јазик на Универзитетот Букнел.  

ЈУГОСЛАВ ЃОРЃИЕВСКИ | Дипломиран адвокат со повеќе од 16 години искуство во развој на политики и стратешки документи, закони и подзаконски акти во Република Северна Македонија. Југослав е признат експерт за реформи во јавната администрација, вклучувајќи национални стратешки документи, управување со човечки ресурси, поедноставување и дигитализација на јавните услуги во сите хоризонтални области. Како координатор, го има водено процесот на развој на Националната стратегија за реформи во јавна администрација (РЈА) 2018 – 2022, и го координираше процесот на усогласување на целокупното национално законодавство со новата рамка за општа управна процедура, вклучувајќи ги сите закони поврзани со јавен превоз. Ова искуство му дава практично познавање на националната правна рамка релевантна за транспортниот систем во земјата.    

 

 

МИРОСЛАВ ДРАГАНОВ | е сериски претприемач и создавач на општествено влијание. Тој е препознаен по неговото разновидно и богато досегашно искуство од кое може да се издвои: – Ко-основач на македонскиот стартап WIDNET Solutions, и домашната организација за социјално претприемништво КО-КРЕАТОРИ, како и на организации кои се дел од светски мрежи како ГЛОБАЛ ШЕЈПЕРС СКОПЈЕ ХАБ Скопје (дел од Заедницата на Шејпери, иницијатива на Светскиот економски форум) и Клуб Алпбах Македонија (дел од Европскиот форум Алпбах, Австрија).  Неодамна тој е избран за еден од највлијателните шејпери во светот. Има 2 објавени книги (печатена копија) + аудио книга за слепи лица, 40+ соработници со седиште на сите континенти, Клиенти од над 20 земји, 18+ години искуство во вештини, 13+ години искуство во водење различни тимови со одлични мерливи резултати, 5+ меѓународни и домашни награди за јавно говорење, 200+ меѓународни и домашни работилници во својство на тренер, 200+ конференции (модератор, организатор или главен говорник), 50+ ТВ емисии и дебати, 8+ години искуство во управување со проекти (главно меѓународни) 14 публикации за подобрување на правниот систем (автор, коавтор или уредник)- 100.000+ одржани професионални состаноци со клиенти и соработници.

 

На  02-ри јуни (четврток) 2022 во Хотел Турист (Бест Вестерн),Скопје ќе се одржи Обуката на Модул 2 – ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ИСТРАЖУВАЊЕ И ФАКТИ

Предавач на овој модул ќе биде:

СЕРГЕЈ ЗАФИРОСКИ | има повеќе од 11 години искуство во областа на напредна анализа на податоци проследена со креирање на стратегии и оперативни планови. Има значително бизнис искуство со управување со ресурси, буџетски активности и организација на истражувањата на пазар (креирање прашалници, примероци, план на истражување, управување со теренски истражувања). Во изминатите неколку години, се стекна со искуство во создавање високо квалитетни истражувачки извештаи, публикации и консултантски проекти кои главно се однесуваат на FMCG и банкарската индустрија. Тој има огромно искуство во интерпретација на податоци кои водат кон релевантни заклучоци и стратешки планирања кои се однесуваат на трендовите и предвидувањата во анализираната индустрија.  

На  03ти јуни (петок) 2022 во Хотел Турист (Бест Вестерн),Скопје  ќе се одржи ОБУКА на  МОДУЛ 3 – ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ И ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗАМ, чиј предавач ќе биде : 

АНА МИШКОВСКА | Ана Мишковска, меѓународен маркетинг координатор во CIVITTA, е искусен професионалец за комуникации и маркетинг со искуство во работа на проекти поврзани со иновации, дигитални медиуми, маркетинг и комуникации за CIVITTA како и меѓународни донатори како што се Меѓународната Финансиска Корпорација, Светска банка, Светската Здравствена Организација и Регионалниот Совет за Соработка. Ана има претходно работно искуство во издаваштво, рекламирање како и јавна дипломатија. Таа има диплома за меѓународни комуникации и медиуми од Универзитетот Еразмус во Ротердам во Холандија и специјализација за маркетинг на социјалните медиуми од Мета. Покрај тоа, таа поседува релевантни сертификати во областа на комуникациите и медиумите и е сертифициран Meta Digital Marketing Associate.

Сите заинтересирани организации може да аплицираат преку следниот линк, најдоцна до 17.05.2022 година. По завршувањето на рокот за аплицирање, избраните организации ќе бидат контактирани со повеќе детали.


Само селектираните учесници ќе бидат контактирани за учество на обуката со доставување на деталната програма за работа и логистички информации. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за хотелско сместување, храна и пат. Селектираните учесници задолжително треба активно да се вклучат во обуката.

Проектот е имплементиран од: